Линкови за пристапност

Олимписко наследство


Една година по успешната Олимпијада, жителите на Источен Лондон уште чекаат на користа од изградените објекти

Изгледа како да беше многу одамна кога луѓето во голем број доаѓаа во Олимпискиот парк, облечени во национални бои и подготвени да навиваат за своите спортски фаворити.

Сега, има некои настани во Олимпискиот парк, но стадионот и препознатливата кула се најчесто тивки места зад домовите во населбата Стратфорд. Има нов трговски центар, но блиската Хај Стрит изгледа како и пред Олимпијадата, со продавници кои продаваат евтина стока, а некои продавници се празни и забарикадирани.

Еден локален човек, кој се претстави само како Стив, овде живее 20 години. Тој вели дека изгледало како градилиште додека се се работело, и како парк за одмор кога било активно. Но кога се` завршило, вели, местото останало како локација на циркус откако го напуштил градот.

Официјални лица посочуваат на многуте станови и канцеларии во околните згради во областа како наследство од Олимпијадата. Но тие не импресионираат многумина локални жители.

Студентката Марија вели дека тие донеле многу профит, но само за време на еден настан. На долгорочен план, не мисли дека тоа не донело многу добро за областа.

Франсис, рехабилитационен работник, вели дека Олимпијадата донела многу работни места, но сака да види како ќе биде по пет или десет години.

Професорот Алан Бримкомб од Универзитетот на Источен Лондон го проучува „олимпискиот ефект“ десет години, откако Лондон за прв пат се кандидирал за Игрите:

„Ќе дојде, но не веднаш. Тој тип на корист расте со време. До политичарите е да обезбедат тие да дојдат, она што може да се добие – навистина се постигне“, вели Бримкомб.

Еден од тие политичари со таква одговорност е градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон. Тој тврди дека градот веќе добива поттик од Олимпијадата.

Мислам дека повеќе или помалку е резултат на Олимпијадата и Параолимпијадата тоа што сега го гледаме и е без дилеми наплив на самоувереност и оптимизам за инвестирање во Лондон“, вели градоначалникот.
Официјалните лица тврдат дека има повеќе од 15 милијарди долари на инвестиции за креирање работни места директно поврзани со Олимпијадата со уште повеќе на пат.

И професорот Бримкомб вели дека иако жителите негодуваат, тие имаат корист од подобрениот превоз, растењето на вредноста на недвижнините и подобрената репутација на Источен Лондон, сето тоа поврзано со Олимписките игри.

Има такви кои со него се согласуваат.

Ендру е невработен физички работник. Тој вели дека имало позитивни промени, како да го забрзало развојот на областа.

Линда, домаќинка, вели дека тоа е добро за секого, и дека нови работи ќе дојдат. Таа е среќна со промените.

За некои, аурата на Игрите стои додека чекаат на материјализирање на добрите страни од настанот, како што ветиле организаторите и политичарите.
XS
SM
MD
LG