Линкови за пристапност

Каков план имаат за дивоградбите кандидатите за градоначник на Охрид од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ?


Што предлагаат за Охрид кандидатите за градоначник од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Како го замислуваат Охрид во наредните четири години, зошто се кандидираат и што ќе направат со Охрид? Како ќе го решат проблемот со дивоизградените објекти, но и каков туризам му треба на градот. Гласот на Америка им ги постави овие прашања на кандидатите за градоначалник на Охрид од СДСМ и ВМРО -ДПМНЕ Константин Ѓеорѓиески и Кирил Пецаков.

Константин Ѓеорѓиески - кандидат за градоначалник на Охрид од СДСМ

„Охрид го замислувам со решени инфраструктурни проблеми, со изградена катна гаража, со ревитализирана чаршија, со ревитализиран плоштад Чинар, со реконструиран главен плоштад Свети Климент, со нови и современи решенија на плажите, со соодветно менаџирање и управување на градот и крајбрежјето. Со средени сообраќајници, среден сообраќаен режим и со еден нов изглед, кој почнавме да му го даваме на нашиот град. Град во кој што младите ќе ја гледаат својата иднина. Станав вд градоначалник, а потоа и градоначалник во периодот кој што убедливо беше најтежок за нашиот град. Во период во кој што се најдов во една своевидно безизлезна состојба. Се фатив во костец со решавање на проблеми кои беа децениски напластувани и носев храбри одлуки. Вложив многу. И мислам дека крајниот резултат е позитивен, затоа што Охрид го задржавме таму каде што припаѓа, на светската мапа на уникатни места, како резултат на нашите заложби и постапки. На листата на 38 места, кои што се заштитени како светско природно и културно наследство, затоа што решив проблеми кои децениски не беа зафатени од властите да ги решаваат. Изградивме многу улици, реконструиравме многу училишта. Сето тоа беше преголем влог, да побарам поддршка од граѓаните, да продолжиме со изградба на Охрид и почитување на законите. Јас бев првиот градоначалник, кој се зафати да го решава тој проблем. Фокусот за решавање на проблемот е крајбрежјето и Националниот парк Галичица. Сите постапки и планови кои се согласно Планот за управување со УНЕСКО и препораките од реактивната мисија, ние постепено ги имплементираме. Тоа е процес кој исто така бара континуитет, бара подршка и храброст и бара решителност. Како резултат на решавањето на тој проблем кој го имаме долги години, ние на сесијата која беше оваа година, од страна на УНЕСКО, беа препознаени нашите заложби и беше валоризиран трудот и сето она кое го постигнавме на тоа поле. Но има се уште многу за работа и затоа е потребна подршка од граѓаните, да продолжиме да го развиваме градот во права насока и да го задржиме и да го забетонираме статусот на Охрид таму каде што припаѓа. Но тука се заложбите и на централната власт, затоа што голем дел од препораките на УНЕСКО, се во надлежност на одредени министерства. „Студијата за развој на туризмот, која ја изработи Општина Охрид е готова. Следи студија за валоризација на таа студија за влијанието врз животната средина и потоа Советот ќе ја усвои. И таа студија ќе ни го даде одговорот на тоа прашање. Мое лично мислење е дека ни треба симбиоза, помеѓу тие два типови на туризам, како што имавме во 2019 година, кога Охрид имаше 1,5 милион ноќевања и беше најуспешната година во туризмот“.

Кирил Пецаков - кандидат за градоначалник на Охрид од ВМРО-ДПМНЕ

„Влезот во трката за градоначалник за мене значи многу и она како што сме се обврзале во програмата, која што е направена во изминатите 6-7 месеци, како предлози на граѓани. Целта после четири години е Охрид да изгледа системски многу поубаво. Да биде атрактивна туристичка дестинација со отворање на нови пазари и најважно е младите да ја гледаат иднината во Охрид, односно иселувањето да престане, иако за тоа е потребна една симбиоза помеѓу централна и локална власт. Тоа е генерално како го гледам Охрид после четири години. Дополнително и сериозно инфраструктурно развиен. Гледајки како се одвиваат работите во Македонија во изминатите години и гледајки една недоверба во системот и апатија кон политиката, оваа генерација политичари на ВМРО-ДПМНЕ, која е релативно млада, но искусна, вклучувајќи ме и мене тука, после два мандати во Советот на Општина Охрид, а сега и како пратеник, сметам дека со својата енергија, визија и идеи кои ги имаме, сметам дека Охрид ќе биде место и град во кој секој охриѓанец ќе се гордее и место и град со кој секој Македонец ќе се горедее. Реалноста е дека заради непринципиелните политики во Советот на Општина Охрид во изминатите четири години, ние имавме генерирање на дивоградби и исти како такви репрезентатвни примероци, до ден денес видливи во нашиот град. Останатиот дел од дивоградби, ако може така да ги наречеме се генерирани затоа што деталните урбанистички планови во Охрид, за секое населено место и после 30 години независност, не се донесени,односно не се изработени. Така да приказната околу дивоградбите е малку поширока, а дека директно зависи статусот под УНЕСКО, не сум баш сигурен. Но со сите оние препораки кои се поврзани со УНЕСКО, во наредниот период да ги спроведуваме, немаме никакви дилеми. Затоа што друга опција немаме, а и друг бренд во изминатите многу години, освен како членка на УНЕСКО, ние како град Охрид не сме изградиле. Меѓутоа како напредува во овие 30 години независност, од денешен аспект, веќе многу повеќе луѓе се занимаваат со туризам, ако се земе во предвид дека претходно Охрид бил индустриски туризам, со повеќе од 20000 луѓе вработени во индустрија, сега како одминуваат годините вложуваат луѓето во туризмот. Би рекол дека една сеопфатна студија и стратегија во соработка со Факултетот за туризам во Охрид, би одредила колку се нашите капацитети, дали имаме капацитети воопшто да имаме било каков туризам, не дали е елитен.Се надевам дека новата студија би довела до резултати какви што посакуваме, кој што би не насочиле, каков туризам сака Охрид во иднина“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG