Линкови за пристапност

Употреба на антибиотиците кај добитокот


Граѓани вршат притисок да се запре со прекумерната употреба на антибици, и веќе се бележат некои успеси

Одгледувачите на добиток честопати животните ги заштитуваат од болести и го забрзуваат развојот на здрави животни, преку внесување на мали дози на антибиотици. Научниците и потрошувачите се се` повеќе загрижени дека оваа вообичаена пракса, креира супербактерии коишто се отпорни на лековите за нивно спречување.

Лили Адамс, од активистичка група за заштита на потрошувачите „Food and Water Watch“, е една од многуте слични групи кои се залагаат за прекин на прекумерната употреба на антибиотиците на фармите.

„Осумдесет проценти од нашите антибиотици во САД се користат на фармите, како компензација за нехигиенските услови. Ова не е начин. Прекумерната употреба на антибиотиците резултира со бактерии отпорни на нив, што се проширува животната средина“, вели таа.

Ова води кон погoлем број инфекции коишто не реагираат на лековите, и се причина за околу 700.000 смртни случаи годишно на глобално ниво.

Многумина земјоделци, вклучувајќи го и Тори Хенкок, веќе одгледуваат добиток без антибиотици. „На животните им обезбедувате околина без стрес и здрава исхрана и воглавно не ви требаат антибиотици“, вели тој.

Многу потрошувачи смислено плаќаат повеќе за говедско месо без антибиотици и сланина добиена од свињи кои исто така не примиле вакви лекови. Всушност, притисокот од страна на потрошувачите е главен двигател за овие промени, вели Ана Зорзет, научничка и активистка.

„Во 1986-та, Шведска беше првата земја во светот што го забрани користењето на антибиотиците како промотори на растот, а во 2006-та истиот чекор го направи и ЕУ. Земјоделците почувствуваа дека не можат да ја оправдаат употребата на антибиотиците, а и јавното мислење беше наклонето против“, кажа Зорзет.

Како резултат, многу северноевропски земји, како Шведска, Финска, Норвешка и Данска, сега имаат забрана за редовна употреба на антибиотици кај здрав добиток, како и поостри правила за употреба на антибиотици кај луѓето.

Експертите велат дека ваквата политика му е потребна на целиот свет. Во спротивно, патогените елементи отпорни на антибиотици, ќе придонесат за поголем број смртни случаи од болестите како пневмонија, колера и туберколоза, коишто во моментов можат да бидат спречени.

Според Националната фондација за земјоделие, во САД, потрошувачите вложуваа поголеми напори за намалување на употребата на антибиотиците кај добитокот. Нејзиниот директор, Нил Конкин, вели дека образовната група организира семинари за подготовка на земјоделците за поостри владини регулативи околу употребата на антибиотиците, коишто би стапиле на сила во 2017-та година. Тие повеќе нема да можат да користат антибиотици за да промовираат развој, освен за третман на инфекции, а лековите мора да бидат дадени на животното исклучително од ветеринар.

Активистите се надеваат дека продолжителниот напор за намалување на употребата на антибиотици ќе им овозможи на лековите ширум светот да имаат поголеми шанси во спротиставувањето на инфекциите.

XS
SM
MD
LG