Линкови за пристапност

Намален животниот век во САД


Крај на трендот на продолжување на животниот век кој траеше неколку децении

Очекувањата за должината на животниот век во САД минатата година опаднале, и се на ниво од пред четири години.

Во поголем дел од годините од крајот на Втората светска војна, животниот век во САД растеше, пред се` благодарение на медицината, кампањите за јавно здравје, подобрата исхрана и образованието.

Но во претходната година, животниот век опаднал, иако немало појава на ширење на некаква смртоносна болест. Животниот век опаднал во 1993 кога нацијата се соочуваше со епидемија на СИДА, и во 1980 кога имаше појава на тешка форма на грип.

Американец роден во 2015-та, во просек се очекува да живее 78 години и девет месеци, според прелиминарните податоци објавени од Центарот за контрола и превенција на болести. Американец роден во 2014-та се очекува да живее еден месец повеќе. Дури Американец роден во 2012 се очекува да живее подолго. Во 1950 очекувањата за должината на животниот век беше 68 години.

Според Светската банка САД се рангирани пониско од неколку развиени земји. Највисок е животниот век во Јапонија, и изнесува околу 84 години. (Aсошиејтед прес).

XS
SM
MD
LG