Има околу 7.000 различни јазици во светот, и тие постојано се менуваат. Но до некаде е мистерија зошто јазиците се менуваат така како што се менуваат. Еден антрополог верува дека можеби нашол еден од првите докази дека животната средина може да влијае на начинот на кој луѓето зборуваат.
Кејлеб Еверет од Универзитетот на Мајами, во Флорида, вели дека мал дел од јазиците користат таканаречени „чкрапави согласки“ – што е звук на кликање кој се создава со притискање на воздухот во задниот дел на грлото. Добар пример за тоа е јазикот зборуван во Гватемала и Белизе, но и многу други јазици меѓу кои и шест кои се зборуваат во Гласот на Америка – нигеријски хауса, грузиски, ерменски, корејски, и етиопски оромо и амхарски.
Еверет се прашувал дали овие јазици имаат нешто заедничко. Мислел дека правењето на вакви звуци во задниот дел на грлото е полесно на поголема височина. Земал информации за околу 600 јазици, 92 од кои користат чкрапави согласки, и започнал да ја споредува надморската височина на местата каде тие се зборуваат.
Нашол дека 87 проценти од јазиците со вакви звуци се користат на најмалку 1.500 километри надморска височина.
Засега, Еверет вели дека ова е интересна опсервација. Тој нема поим зошто височината предизвикува развивање на вакви звуци. Дури остава можност да е само коинциденција. Но тој се прашува дали физичкиот процес на правење вакви гласови им овозможува на говорниците да ја задржат влагата кога зборуваат, намалувајќи го ризикот од дехидрација, што придонесува за болест што се добива на повисока надморска височина.
Засега, антропологот планира експерименти што ќе покажат како, и дали воопшто, средината може да влијае на начинот на кој зборуваме.