Државниот секретар Џон Кери и неговиот бугарски колега, Даниел Митов, го потврдија силното стратешко партнерство меѓу обете земји, додека Кери ја започна серијата средби со бугарските претставници за прашања вклучувајќи ја енергетската безбедност и економскиот напредок.
Кери и Митов се сретнаа во Софија, а ова е прва посета на Кери како државен секретар на Бугарија. Стејт департментот издаде соопштение во кое се вели дека двајцата дипломати разговарале за широк спектар прашања, вклучувајќи и регионална и глобална политика, соработка за одбрана и безбедност, енергетски модификации и продолжителните правни реформи во Бугарија.
Кери се сретна и со бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и премиерот Бојко Борисов. Одвоена средба имал со британскито секретар за надворешни работи, Филип Хамонд, кој исто така се наоѓа на турнеја по регионот.
Кери замина од Бугарија за Париз, каде ќе им оддаде почит на жртвите од нападите врз канцелариите на списанието Шарли ебдо.