Линкови за пристапност

Кенија лансира сателит и во училиштата воведува предмети за истражување на вселената


Кенија планира да го искористи лансирањето на својот прв оперативен нано-сателит во вселената за промоција на вселенско образование и наука преку вселенски клубови во училиштата. Сателитот беше лансиран од базата на Спејс Икс во САД

Учениците во католичко училиште во Најроби ги истражуваат апликациите за вселенска технологија. Учениците се членови на училишниот вселенски научен клуб, што е продолжување на образовната програма основана од кениската вселенска агенција за промовирање на вселенско образование. Од студентите беше побарано да го проучуваат нивниот град.

Тринаесетгодишниот Рајан Гауна вели дека учеството во овој клуб го поттикнало неговиот интерес за инженерството.

„Ме интересира електротехниката, кога станува збор за сателити и ракети. Ова е мал чекор, особено од нано-технологијата што беше објавена во 2018 година, па затоа навистина сакам да се обидам да направам нешто поголемо од она што се случува денес“, вели Гауна.

Кенија го лансира првиот сателит во вселената
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00

Кенискиот сателит „Таифа-1“ што значи „Нација-1“, е првиот оперативен сателит што земјата го лансираше оваа година со ракетата Спејс Икс Фалкон 9 во американската сојузна држава Калифорнија.

Во 2018 година, Кенија зачекори во вселената со лансирањето на својот прв нано сателит.

Властите на Кениската вселенска агенција велат дека сакаат да се доближат до младите студенти за да ги охрабрат да размислуваат за иднината во вселенската технологија.

„Во образовниот сектор разговараме околу тоа дека многу луѓе не изучуваат предмети поврзани со науката или технологијата, а тоа се предметите што се бараат во вселенскиот сектор, и затоа сакаме рано да го развиеме овој потенцијал и можности кои секторот ги нуди за нив“, вели Чарлс Мванги од „Кениски вселенски и технолошки развој“.

Најмалку 30 училишта се вклучија на вакви програми, а агенцијата вели дека планира да додаде предмети на вселенска технологија во повеќе училишни наставни програми.

„Со науката и технологијата се инвестираше во наставната програма за кодирање. Сега имаме кодирање во 4,5,6 одделение, а додека во 7 одделение има компјутерски студии како изборен предмет”, вели Ерик Нзиока од Католичкото училиште.

Сателитот за набљудување Таифа-1 ќе се користи за обезбедување податоци за земјоделството и безбедноста на храната, меѓу другите области. Дизајниран и развиен е од кениски инженери, како Морин Ванџиру.

„Возбудливо е да се биде дел од иновациите и креативните идеи кои имаат влијание за нашата земја во однос на климатските промени, во однос на земјоделството, шумарството“, вели инженерката Ванџиру.

Целосно финансиран од кениската влада, сателитот Таифа-1 беше произведен и тестиран во соработка со бугарски производител на воздухопловство. Лансирањето го означува најновиот притисок на африканските нации за зајакнување на вселенската иновација и развој.

XS
SM
MD
LG