Линкови за пристапност

Потрагата по малезискиот авион се проширува


Истражителите веруваат дека авионот скршнал или на север кон Централна Азија или на југ подлабоко во Индискиот океан

Малезија во понеделник кажа дека потрагата по исчезнатиот патнички авион се одвива по двата коридори, северен и јужен, каде се верува дека бил намерно пренасочен.

Министерот за одбрана Хишамудин Хусеин вели дека 26 држави се инволвирани во потрагата, вклучувајќи вода и копно на 11 држави. Потрагата се одвива на десетици милиони квадратни километри.

Истражителите веруваат дека авионот Боинг 777 скршнал или на север кон Централна Азија или на југ, подлабоко во широкото пространство на Индискиот океан во часовите кога мистериозно исчезнал на 8-ми март.

Австралискиот премиер Тони Абот во понеделникот се согласи да ја преземе контролата на потрагата по јужната секција, на барање на малезискиот премиер Наџиб Разак. Но тој додаде дека неговата држава не видела никакви знаци дека авионот со 239 луѓе дошол близу до нивниот воздужон простор.
XS
SM
MD
LG