Линкови за пристапност

Дали медитеранската кујна ќе стане светско наследство?


Дали медитеранската кујна ќе стане светско наследство?
Дали медитеранската кујна ќе стане светско наследство?

Италијанските готвачи и гурмани веруват дека медитеранска кујна припаѓа таму.

Што имаат заедничко доматите, шпагетите и маслиновиот зејтин, или медитеранската кујна во целина, со Таџ Махал во Индија, Кинескиот ѕид и стариот дел на Ерусалим?

Не многу, освен што може да се најдат на заедничка листа.

На онаа на УНЕСКО, што ги содржи светските наследства.

Италијанските готвачи и гурмани веруват дека медитеранска кујна припаѓа таму.

„Под медитеранска кујна се подразбираат природни состојки што во Италија ги има во изобилство. Ако зборувате за главни јадења, предлагаме паста, шпагети или било што, но сосот мора да биде лесен, направен од природни домати, босилек, орегано, маслинки, што сакате, но никако пржено или процесирано и во никој случај да не содржи сланина. Мора да биде лесен оброк со додаток на маслинов зејтин“, вели сопственикот на римскиот ресторан Корси, Агостино Корси, објаснувајќи ги причините „за“.

„Медитеранската исхрана е културно и важно наследство. Не е само храната, туку начинот на кој јадете, важноста на состојките, едноставниот пристап. Оваа храна може да биде здрава, доколку се јаде умерено“, коментира професорот Карло Канела, стручњак за храна

Владите на Италија и Шпанија за прв пат предложија да ја стават медитеранската кујна на листата на светско наследство во 2007-та година. Предлогот го поддржаа и Грција и Мароко.

Специјалната комисија на УНЕСКО се очекува да го ратификува предлогот на наредниот состанок, што од 14-ти до 19-ти ноември годинава ќе се одржи во Најроби.

XS
SM
MD
LG