Линкови за пристапност

Конте го доби мандатот за формирање италијанска влада


Имигрантите се плашат дека новата влада ќе значи нивна депортација

Италијанскиот претседател, Серџо Матарела побара од правникот Џузепе Конте да формира влада.

Конте е професор по право, без политичко искуство. Тој веќе се сретна со сите парламентарни групи за да дискутира за идните планови.Toj беше предложен од Луиџи Ди Мајо, лидер на движењето Пет ѕвезди, кое доби најмногу гласови на општите избори во март и од страна на Матео Салвини, претседателот на втората по големина партија во државата, Северна лига.

Двете партии направија коалиција која им обезбедува мнозинство во двата дома на Парламентот.

По средбата со претседателот Матарела, Конте рече дека тој со резерва го прифаќа мандатот за формирање влада. Тој додаде дека ако успее да ја исполни задачата, тој ќе поднесе програма во Парламентот која ќе биде заснована на интересите на мнозинските политички партии.

Листата на министри на Конте се` уште е непозната, но функциите кои ќе ги преземат лидерите на двете најголеми партии изгледа извесна.

Лидерот на движењето Пет ѕвезди ќе раководи со Министерството за труд, за да го реализира ветувањето за поголема помош за сиромашните. Додека лидерот на Северната Лига, Салвини се очекува да раководи со Министерството за внатрешни работи, за да се справи со илегалана имиграција.

Конте објави дека Италија е во исчекување на новата влада, и дека државата чека на одговори. Тој вели дека новата влада, ќе биде влада на промени.

Промените сепак носат загриженост, посебно кај имигрантската заедница. Како министер за внатрешни работи, Салвини вети дека ќе се справи со имиграцијата, која тој веќе подолг период ја критикува. Тој вели дека имиграцијата не е под контрола и претставува ризик не само за пренатрупаните италијански затвори, туку предизвикува и негативна реакција кај граѓаните.

Салвини верува дека имиграцијата мора да биде ставена под контрола, а овде е вклучена и депортацијата на половина милон илегални имигранти, прашање кое доминираше за време на изборната кампања.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG