Линкови за пристапност

Нема мнозинство за формирање влада на Израел


Според првичните резултати ниту Нетанјаху ниту Ганц немаат мнозинство за да формираат влада на Израел

Со оглед на тоа што гласовите сè уште се пребројуваат, двете главни политички партии во Израел немаат можност да формираат мнозинска коалиција од 61 место во Кнесет со 120 места.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху од партијата „Ликуд“ не прогласи победа, ниту пак призна пораз за време на денешното обраќање до неговите поддржувачи. Тој им рече дека во следните денови ќе работи на создавање на „силна ционистичка влада“ што ги исклучува арапските партии.

Противкандидатот, поранешниот шеф на израелската армија Бени Ганц, од партијата „Сино-бели“, изјави пред своите поддржувачи дека ќе се обиде да формира „широка влада која ќе обединува и ќе ја изразува волјата на народот“.

Штом ќе се добијат конечните резултати, Претседателот Риувен Ривлин ќе одржи консултации со секој од шефовите на партиите и ќе побара од Нетанјаху или Ганц да формираат влада.

Нетанјаху се надеваше дека ќе освои јасно мнозинство и многумина очекуваа дека тогаш ќе донесе закон за имунитет за себе.

Јоси Клин Халеви од Институтот „Шалом Хартман“ во Ерусалим изјави дека на изборите се гласаше за или против Нетанјаху.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG