Линкови за пристапност

80 членови на Исламската држава се вратиле во Македонија


Повратници од ИСИС во Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:22 0:00

Досега во оваа терористичка организација учествувале вкупно 150 македонски граѓани

Во војните во Сирија и во Ирак, како припадници на паравоени формации, како што е Исламската држава, досега учествувале вкупно 150 македонски граѓани.

Од нив во државата се вратиле околу 80 лица, а 17 се осудени и истите издржуваат казна затвор во земјава.

Ова за Гласот на Америка, го потврди Министерството за внатрешни работи.

Оттаму велат дека превентивно вршеле постојан оперативен увид врз активностите на повратниците, и оти тие во моментот не поминувале низ организирани процеси на ресоцијализација.

„Од страна на новоформираниот Национален комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, во тек е изготвување на две одделни национални стратегии за спротивставување на овие безбедносни појави, во кои треба да бидат вклучени и програми за ресоцијализација на овие лица“, вели извор од МВР.

Експерти по безбедност предупредуваат дека државата мора и понатаму да биде претпазлива, поради опасноста која постои по нивното враќање во дома. За Исламската држава сметаат дека се` уште е активна на бојното поле.

„Проблемот кај нас е со необезбеденоста на границите, и лицата кои се странски борци. Нивното враќање сигурно не е добронамерно, бидејќи тие се обучени, имаат идеологија, сила и можности. Располагаат со се`. Само ќе им треба некој да им даде сигнал дека треба да функционираат“, вели Злате Димовски, универзитетски професор по безбедност.

Димовски вели дека час поскоро треба да се спроведат соодветни институционални мерки, а за нивна целосна ресоцијализација вели потребни се големи напори.

Од МВР додаваат дека патиштата на овие лица до Сирија и Ирак водат преку Турција. Пред да заминат посетувале верски предавања на радикални имами, некои се радикализирале преку интернет, а други преку лични контакти, од кои добиле и логистичка поддршка за заминување.

Инаку неодамна во Охрид, македонскиот и албанскиот министер за внатрешни работи, потпишаа Меморандум за борба против тероризмот и размена на информации во делот на изведување терористички акти.

„Тој подразбира два аспекта за негово справување. Еден е превентивниот и вториот е репресивниот. Ова е можност да соработуваме и да ги задоволиме овие два аспекта“, изјави Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи на Македонија.

Фатмир Џафај, министер за внатрешни работи на Албанија, вели дека прашањето околу организираниот криминал и борбата против тероризмот се во насока на подобрување на добрата состојба во нашите земји.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG