Линкови за пристапност

Велика Британија, Франција и Германија активираат механизам за решавање на спорот со Иран


Велика Британија, Франција и Германија во вторникот објавија дека постапките на Иран кои не се во согласност со нуклеарниот договор од 2015 година не им оставаат друг избор освен да се свртат кон механизмот за решавање на спорови утврден со договорот.

Заедничката комисија ја сочинуваат по еден член од секоја од потписничките, а договорот предвидува 15 дена за решавање на спорот.


Тие соопштија дека ги исполниле своите обврски од Заедничкиот акциски план, вклучително и укинување на економските санкции против Иран и промовирање на легитимната трговија со државата.

„Акциите на Иран не се во согласност со одредбите од нуклеарната спогодба и има се повеќе сериозни и неповратни импликации за ширење“, се вели во заедничката изјава.

Договорот, исто така потпишан од САД, Кина и Русија, требаше да ја смири загриженоста дека Иран работи на изградба на нуклеарно оружје и да воведе ограничувања со кои треба да се оневозможи нуклеарната програма. Во замена, Иран се ослободи од економските санкции.

Но, откако САД се повлекоа од договорот во 2018 година, Иран започна да се оддалечува од договорот, надминувајќи ги дозволените граници на количината на збогатен ураниум и користејќи повеќе центрифуги од дозволеното.

„Нашите три држави не се приклучуваат кон кампањата за спроведување максимален притисок врз Иран“, соопштија Велика Британија, Франција и Германија. „Нашата надеж е да ги вратиме постапките на Иран во целосна согласност со неговите обврски од договорот“.

Заедничката комисија ја сочинуваат по еден член од секоја од потписничките, а договорот предвидува 15 дена за решавање на спорот. Овој чекор е прв во низата потенцијални механизми за решавање спорови, од кои последниот е упатување на предметот до Советот за безбедност на Обединетите нации.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG