Во Женева продолжуваат преговорите меѓу Групата П5+1 и Иран, посветени на иранската нуклеарна програма. Претходните разговори пред две недели завршија без договор, но со оптимизам дека може да се постигне спогодба.
Мајкл Ман, портпаролот на вишата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Кетрин Ештон, ја окарактеризира денешната прва рунда на разговори со иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф како „исклучително значајна“.
Ештон, како претставник на П5+1 (петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН: САД, Британија, Кина, Франција, Русија + Германија) се обидува да постигне времена спогодба со која Иран би запрел дел од нуклеарните операции за збогатување на ураниум и би прифатил почести инспекции, во замена за олеснување на санкциите против оваа земја.
Претходно денеска, иранскиот заменик-министер за надворешни работи Абас Аракчи изјави дека Иран нема да прекине со збогатувањето на ураниум како дел од спогодбата, каква и да е таа. Тој додаде и дека нема да дојде до сериозни преговори се` додека не се врати довербата меѓу двете страни.
„Потребна е добра волја, вистинска подготвеност и решителност да ги разрешиме разликите. Верувам дека решението е на дофат, само ни треба добра волја“, рече Аракчи.
Францускиот министер за надворешни работи Лорент Фабиус во ТВ-интервју денес изрази надеж дека може да се постигне договор, но потенцираше тој да биде цврст и конкрентен.
“Нашиот став се однесува на безбедноста во регионот и во светот. Очигледно, опасно е доколку дојде до ширење на нуклеарното оружје и ситуација во која се` повеќе земји би имале такво оружје. Затоа, ние - не мислам само на Франција, туку и на сите земји, на меѓународната заедница - сме за правото на нуклеарна енергија, но не и на атомско оружје“, рече шефот на француската дипломатија.
Американскиот државен секретар Џон Кери вчера подвлече дека САД нема да прифатат спогодба што би му дозволила на Иран да добие во време и да така да го зголеми нуклеарниот капацитет. Претседателот Барак Обама, пак, побара од Конгресот да не воведува нови санкции против Иран додека траат преговорите.