Под притисок на ЕУ, во Собранието повторно се отвори расправата за Изборниот законик. Набљудавачките мисии на ОБСЕ и ДИХР во своите извештаи ги препорачаа овие измени, со цел да се превенираат нерегуларности во наредните изборни циклуси. Во тој контекст, Министерството за правда внесе во собраниска процедура пакет на измени на изборните закони што би требало да обезбедат почитување на меѓународните стандарди, во контекст на препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Во наредна фаза, предлагачот најави дека ќе се најдат измени на законот и по другите забелешки. Реагираше опозицијата, која смета дека предложените измени во оваа фаза не се доволни и дека треба да бидат направени во целост, согласно препораките на меѓународната заедница.
Гласот на Америка на македонски јазик на оваа тема разговараше со директорот на невладината организација “Moст”, Дарко Алексов, која ги следи изборните процеси.
Глас на Америка: Каква е вашата оценка за предложените измени во Изборниот законик? Дали се тие во согласност со препораките на набљудувачките мисии на ОБСЕ и ОДИХР?
Дарко Алексов: Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР содржи 28 препораки. Од овие 28 препораки, 5 препораки не се поврзани со измени во Изборниот законик (што значи дека не беа дел од овие измени), 2 препораки се однесуваат на гласањето во странство, што исто така не беше предмет на овие измени, 4 препораки се поврзани со имплементација на веќе постоечки одредби, а 3 препораки се веќе имплементирани со поранешните измени на Изборниот законик. Откако ќе се изземат овие препораки, остануваат 14, или половина од вкупниот број препораки во извештајот. Од овие 14 препораки, 3 препораки се имплементирани, 3 препораки се делумно имплементирани, а 8 препораки не се имплементирани.
Глас на Америка: Кои се проблемите кои ги воочи вашата организација во изборните процеси?
Дарко Алексов: Една од најзагрижувачките прекршувања е повредата на слободата на избирачите, нешто што беше посочено и во последниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР за изборите во 2011-та. Во однос на ова прашање МОСТ има дадено конкретна препорака. Имено, во 2009-та година од дел од членовите во Кривичниот законик кои ги регулираат кривичните дела во врска со изборите беше избришана одредбата дека обидот за извршување на тие дела е казнив. МОСТ се залага за враќање на овие одредби, со што би се овозможило институциите да реагираат и при обид за извршување на овие дејства, а не само доколку има докази дека е извршена повреда на овие одредби.
Глас на Америка: Секој изборен процес во минатото завршуваше со сомнеж за манипулации во разни области. Што, според вас, е клучно да се опфати со актуелните измени, за да се отстранат можносите за шпекулации и компромитирање на изборниот процес?
Дарко Алексов: Постојат повеќе области во актуелниот Изборен законик за коишто МОСТ има дадено препораки за нивно подобрување. На пример, потребно е да се измени видот на лимитот за донации за правни лица, кој со измените во 2011-та година е ограничен на 5% од вкупниот приход на правните лица. Оваа одредба е спорна затоа што постои разлика помеѓу видот на лимитот за правни и физички лица. Лимитот за физички лица е во апсолутен износ и изнесува 5.000 евра. Според меѓународните изборни стандарди, видот на лимитот за правни и физички лица не треба да се разликува, затоа што вака донаторите, а и партиите, се поставени во нееднаква позиција, при што цела кампања би можела да биде финансирана само од еден донатор. Пред 2011-та, лимитот за правни лица беше искажан во апсолутен износ од 20.000 евра.
Друга област во која е потребно да се интервернира е периодот од распишување на изборите до почетокот на изборната кампања и дозволените активности во овој период. Исто така, со измените во 2011-та година, беше ограничена можноста ДИК да ги истражува изборните нерегуларности затоа што треба да бидат поднесени најмалку два приговори во избирачкото место за ДИК да изврши увид во изборниот материјал. Препораката на ОБСЕ/ОДИХР, а и на МОСТ, е да се врати старата одредба каде што ДИК врши увид ако е поднесен и само еден приговор.
Гласањето во странство е уште една област за која МОСТ има дадено свои препораки. Одредбите во ИЗ кои се однесуваат на оваа област не се баш најдобро формулирани, содржат двосмислености и оставаат нерегулирани прашања. Но, она што бара суштинска промена е начинот на гласање во странство - лично во дипломатско-конзуларните претставништва на РМ. Сметаме дека овој начин ја ограничува можноста за остварувањето на правото на глас на државјаните на РМ во странство и затоа предлагаме гласање по пошта, што би го зголемило интересот и одзивот за гласање во странство и би ги намалило финансиските трошоци.