Линкови за пристапност

До работа со стажирање


За некои студенти патот до постојана работа е преку практиканство во приватни компании

Неодамнешно истражување покажува дека "Фејсбук", своите практиканти ги плаќа 8.000 долари месечно, повеќе од која било друга американска компанија.

Истражувањето било спроведено од страна на веб-страницата Glassdoor, каде луѓето можат да објават информации за искуствата на работното место и платата.

Втор е "Мајкрософт", којшто на практикантите им плаќа 7.100 долари месечно. Нафтената компанија "Ексонмобил" е на трето место со 6.500 долари, една од неколкуте компании кои не работат во областа на технологијата, а се најдоа на листата на првите 25.

Истите луѓе во "Амазон" и "Епл" заработуваат по 6.400 долари месечно, додека "Гугл", според истражувањето, на своите практиканти им дава по 6.000 долари.

Овие лица заработуваат многу повеќе од просечниот американски работник. Според податоците на американската влада, месечната просечна плата во САД во 2015-та година била околу 4.000 долари.

Платени наспроти неплатени практиканти

Нешто кое се промени во текот на годините, е што сега многу компании ги користат истите методи за ангажирање на практиканти, како и за ангажирање работници со полно работно време.

Ед Коч, директор за истражување на јавната политика и законодавно-правни работи во Националната асоцијација на колеџи и работодавци (NACE), вели дека сега компаниите доаѓаат директно во колеџите, надевајќи се да најдат практиканти кои подоцна ќе ги вработат.

„Тие се многу пребирливи, особено затоа што сакаат да бидат во можност да го вработат студентот со полно работно време штом ќе заврши со стажирањето“.

Тоа значи дека студентите треба да се подготвуваат на ист начин како што би се подготвувале за вистинско вработување.

Асоцијацијата ги поврзува универзитетите и центрите за кариери, а спроведува и истражувања на пазарот на труд за дипломираните студенти. Коч вели дека околу 52 процента од практикантите кои стажираат преку организацијата, на крај добиваат понуда за работа со полно работно време.

Тој додава дека истражувањето сугерира оти практикантите кои добиваат плата се вработуваат побрзо, споредено со оние кои не се платени. Според истражувањето на NACE, студентите кои биле платени практиканти во компании од приватниот сектор, добиваат почетна годишна плата од 53.521 долари, во споредба со неплатени стажанти чија почетна плата е 34.375 долари.

Друга студија спроведена од NACE, покажува дека неплатените практиканти се помалку задоволни од работата. Исто така кај нив е забележан помал развој на работните вештини во споредба со платените.

Но, оние кои не добиваат пари се стекнуваат со подобро разбирање за нивната кариера, а некои од нив го зголемиле академскиот перформанс.

Кооперативни програми

Покрај стажирање, некои универзитети на студентите им нудат друг вид на работно искуство, наречено кооперативно образование. Кооперативните студенти треба да балансираат помеѓу училницата и полно работно време во текот на учебната година. Студентите се платени од страна на компаниите, а работат во текот на паузите низ академските студии.

Универзитетот на Синсинати од сојузната држава Охајо, со првата кооперативна програма започнал во 1906-та година. Денес има партнерство со повеќе од 1.800 компании.

Во зависност од областа на студирање, повеќето кооперативни студенти на универзитетот заработуваат помеѓу 12 и 27 долари на час. Ова е еднакво на годишна плата од 25.000 до 56.000 долари.

Некои програми како што се инженерингот, дизајнот и архитектурата бараат од студентите да завршат со програмите. Во други случаи, студентите можат да изберат помеѓу кооперативна програма или стажирање.

Универзитетот на Синсинати исто така има меѓународна програма за кооперација, во која студентите учат јазици, а потоа наоѓаат работа во компании во Јапонија, Германија и Сингапур.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG