Иако многумина претпоставуваа дека американските разузнавачки агенции собораа податоци за сомнителни пораки и повици, се претпоставуваше дека активностите беа покриени од судски налози и биле наменети за специфични цели. Но според извештаите, за време на одреден временски период практично сите електронски пораки биле пресретнати, а нивните податоци биле складирани за можни натамошни анализи.
Владините агенции тврдат дека можат да соберат податоци за самите податоци, а не и содржината на пресретнатите пораки. Но, Бил Супернор таа таканаречена метадата содржи мошне вредни информации за разузнавачките служби:
„Метадата е генерички термин што се користи за опишување на информација што опишува информација. Така, метадата на една електорнска порака може да биде: до кого била испратена пораката, кој е испраќачот, датумот, должината на пораката“.
Се поставува прашањето - зошто комуникацијата преку Интернет не е приватна? Доколку компјутерите имаат сопствени адреси, како електронската порака може да биде прочитана од некој друг?
Супернор вели дека за да се разбере тоа, мора да се појде на почетоците на Интернетот.
„Кога Интернетот беше за прв пат дизајниран и замислен, на него се гледаше како на систем за отворена комуникација помеѓу луѓе од различни универзитети. Со тек на времето, прерасна во систем за споделување на информации меѓу организации поврзани со организации од областа на одбраната“.
Затоа, на почетокот, безбедноста не била примарна грижа бидејќи никој не претпоставувал дека Интернетот ќе биде користен за приватна комуникација меѓу луѓето, компании и владини претставници. Безбедноста е додадена подоцна.
Друг проблем, вели Супернор, произлегува од мрежната природа на Интернетот.
Бил Супернор вели дека складирањето на метадатата бара помалку простор отколку да се складира содржината на пораките.
Разузнавачките агенции наводно ги гонат териристите и криминалците, но што е со останатите хакери кои може сакаат да навлезат во финансиските и други лични податоци. Супернор го нуди својот совет.
„Најдобро што можете да сторите за да се заштитите е да изберете случајна лозинка, ништо што би можело да потсетува на вашата куќа, автомобил, семејство, дури и домашни миленичиња, било што кое може да се појавува преку социјалните медиуми. Тоа е одлично оружје во рацете на лошите момци“.
Супернор заклучува дека Интернетот не е безбеден начин на комуникација, советувајќи користење на кодирани пораки што користат чувствителни информации.