Линкови за пристапност

Жените и денеска со мала политичка моќ


Интерпарламенталната унија вели дека резултатите по оваа прашање се разочарувачки.

Додека светот го одбележува Меѓународниот ден на жената, нов извештај покажа дека жените на глобално ниво имаат мала политичка моќ што ги отежнува напорите да се донесат позитивни социјални и економски промени за жените.

Во извештајот се заклучува дека околу учеството на жените во парламентот, нема големи промени. Втора година по ред, Интерпарламенталната унија вели дека резултатите по оваа прашање се разочарувачки. Минатата година, бројот на жени во парламент се зголемил за само 0,5 проценти во 58 национални избори, за да се стигне до 22,6 проценти на жени во парламент на глобално ниво.

Со ова бавно темпо, Карен Џабр, директорка на програмата на Регистарот за партиципација, вели дека жените нема да ја достигнат зацртаната цел за еднаквост до 2030 година, како што е утврдено во Целите за орджлив развој. Но таа додава дека е постигнат поголем напредок кога се работи за жените – лидерки во парламентите. Близу 18 проценти од парламентите денес предводени од жени спикери, вклучувајќи и три почетници. Меѓу нив особено ги истакнува Непал, Намбија и Обединетите Арапски Емирати. ОАЕ е првата арапска земја да има жена претседател на Парламентот.

Според извештајот, Латинска Америка со повеќе од 27 проценти жени во парламентот, има постигнато најголем напредок заедно со суб-сахарска Африка која не заостанува многу. Иако многу од изборите одржани во африканските земји беа проследени со насилство и конфликт, Регистарот за партиципација вели дека жените ја имаат зголемено својата бројка од 0,7 проценти, за да се стигне до 23,2 проценти.

Џабр вели дека најголем напредок се има постигнато во Етиопија и Танзанија во делот на квотата и други политички иницијативи.

„Во Бенин имаме забележано многу иновативна кампања за поттикнување на младите жени за учество во политиката, преку социјалните мрежи. Ова е само уште една интересна иницијатива што беше забележана во Африка“ вели таа.

Како и во изминатите години, Руанда има највисок процент на жени пратенички, 65 проценти.

Регистарот за партиципација вели квотите се еден од главните алатки за постигнување напредок во зголемување на бројот на жени во парламентот. Таму стои дека санкции мора да бидат поставени таму каде што се игнорираат тие одредби, што ги прави квотите „со заби“. Зашто ако ги нема жените нема да бидат избирани во голем број, вели Џабр.

XS
SM
MD
LG