Линкови за пристапност

Американците гневни на политиката на „нула толеранција“


И покрај тоа, нови истражувањата на јавното мислење покажуваат дека нема голема промена во генералните ставови кон имиграцијата

Жителите на гратчето Гетисбург, сојузната држава Пенсилванија донираа школска опрема и други предмети во прифатилиштето во Балтимор каде се сместени деца кои биле одвоени од нивните мигрантски семејства.

Поттикнати од поранешната политика на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за „нула толеранција“ која вклучува одвојување на децата од притворените родители-мигранти, десетици жители решија да донираат средства, но и да присуствуваат на форум за да дознаат повеќе за имиграцијата.

Во месеците мај и јуни околу две илјади и петстотини деца биле одвоени од нивните родители кога илегално ја преминале границата на САД и Мексико.

По судскиот налог, американската администрација обедини околу 1.900 деца, иако стотици други се` уште се во владините прифатилишта. Многу од нив затоа што нивните родители веќе се депортирани од САД.

Претставници на Одделот за правда пред судија во федерален суд рекоа дека волонтери и непрофитни организации треба да го преземат лоцирањето на депортираните родители, наместо тоа да го прават владини претставници. Тие рекоа дека владата ќе обезбеди информации за депортираните родители за овие организации.

Анкетите покажуваат дека политиката на одвојување на децата и нивните родители наишла на големо неодобрување меѓу Американците. Иванка Трамп, ќерка на претседателот и советник во Белата куќа исто така кажа дека „жестоко се спротивставува“ на одвојување на децата и нивните родители.

Истражувања на „Си-Би-Ес“, „Ипсос“ и на други организации кои беа објавени во јуни и јули покажуваат дека 67 проценти од Американците се противат на одвојувањето на семејствата. Ова политика на администрацијата на Трамп беше укината на крајот на јуни.

Резултатите се поинакви кај републиканците. Истражувањето на „Ипсос“ и „Ен-Пи-Ар“ покажа дека само половина од републиканците ја доведуваат во прашање праксата на одвојување на семејствата.

Неодобрување, без промена на став

Иако проблемот со одвојување на семејството изгледа како пресвртница во американското јавното мислење во врска со имиграционата политика на Трамп, потпретседателот на „Ипсос“ Крис Џексон вели дека тоа не е вистинската слика.

„Мислам дека тоа нема да има траен ефект врз американските ставови кон имиграцијата. Прашањето за одвојувањето на семејства само ќе има само некакво влијание кај демократите и републиканците“ изјави тој за Гласот на Америка.

Иронично, и демократите и републиканците се гледаат како победници по прашањето.

Претседателот Трамп јасно стави до знаење што планира да преземе по прашањето за имиграцијата. Додека анкетите покажуваат дека демократите се противат на градење на граничниот ѕид и другите мерки на администрација на Трамп поврзани со имиграцијата.

Мотивирани да преземат акција

Додека анкетите можеби не покажуваат нов став кон имиграцијата на национално ниво, тие жестоко се рефлектираа во Гетисбург, и на други места во САД.

Граѓаните реагираа со прибирање на финансиски средства од страна на организациите за поддршка на мигрантите и бегалците.

Други групи и доброволци сакаат да им помогнат на притворените родители на мигранти да ги најдат своите деца.

Исто така, има и помали напори. Викендов неколку рурални заедници во неколку сојузни држави планираат да организираат излети за да искажат поддршка за мигрантите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG