Линкови за пристапност

Студија: жртвите на трговијата со луѓе страдаат од сериозни ментални и физички проблеми


Според најновите проценки, најмалку 1.800 мажи, жени и деца во светотот се сметаат за робови во модерни услови.

Студијата објавена во медицинскиот журнал за глобално здравје Лансет, е најголема досега изведена за проучување на менталното и физичкото здравје на жртвите на трговијата со луѓе. Истражувањето го направиле Лондонската школа за хигиена и тропска медицина и Меѓународната организација за миграција.

Откритијата се фокусираат на експлоатациите во Камбоџа, Тајланд и Виетнам, но и во Бурма и Лаос. Биле интервјуирани преку 1.000 лица, коишто или избегале или биле спасени од шверцерите.

Д-р Лиза Кис предава социјална епидемилологија на Лондонската школа и главна авторка на студијата.

„Луѓето кои ги интерјуиравме работеле во различни сектори, од сексуална експлоатација, до риболов или работа во фабрики. Но исто така интервјуиравме и луѓе кои работеле во земјоделството, питачите, вработените во градежништвото, рестораните, хотелите, такви кои продавале на улица и кои се шверцувани како сопруги“, вели Кис.

Таа кажа дека се располага со малку податоци за лицата-жртви на трговијата со луѓе, но студијата сепак покажува дека тие се силно трауматизирани. Студијата барала знаци на депресија и пострауматски стрес.

„На пример, речиси 60 проценти од учесниците пријавиле симптоми на депресија. Голем број случаи на пострауматски стрес и речиси половина од испитаниците се пожалиле на анксиозност. Она што ни го привлече вниманието е што еден на секои шест лица помислил да си го одземе животот на околу четири недели пред да го направиме интервјуто, а едно на секои 20 лица всушност се обидело да се самоубие“, вели д-р Кис.

Таа опишува дел од искуствата на жртвите:

„Знаеме дека живееле во мошне тешки услови. Престојувале и спиеле во преполни простории, во опасни услови, лоши санитарни услови, без чиста вода за пиење, недоволно храна, без чиста облека, без соодветен покрив над главата“.

Не смее да се занемари и физичката тортура.

„Имаме голем број на пријави за физичко насилство. Речиси половина од испитаниците искусиле физичко или сексуално насилство. Четириесет и четири проценти од возрасните жени се пожалиле на сексуално насилство. Кај децата, овие бројки се исто така високи. Триесет и шест проценти од децата пријавиле физичко или сексуално насилство, или и двете“.

Кис изјави дека само на малкумина од жртвите им била пружена медицинска грижа за повредите, освен во случаи на скршени коски или загуба на некој дел од телото.

Малцинство од интервјуираните биле киднапирани. Поголемиот дел имале ситуации дома што сакале да ги подобрат. Понекогаш имале некој болен во семејството, или потреба од подобра работа.

Д-р Кис вели дека постои огромна потреба за инвестиција во превентивните мерки. Една од причините е што откако жртвите ќе бидат ослободени, тие повторно се враќаат дома во истите услови, што биле и причина за миграција. Оттука, тие повторно се изложени на ризик да бидат жртви на трговија со луѓе.

Студијата препорачува поголеми владини регулативи, примена на построги здравствени и безбедносни стандарди, како и чести инспекции на работничките сектори, подложни на трговија со луѓе.

Иако студија се фокусира на Југоисточна Азија, трговијата со луѓе се случува и во многу други места во светот.

XS
SM
MD
LG