Линкови за пристапност

Хјуман Рајтс Воч: Кина е закана за меѓународниот систем за човекови права


Кина ја користи својата економска и дипломатска моќ за да ги замолчи критичарите во странство и да ги поткопа меѓународните системи за човекови права, тврди Светскиот извештај за човековите права за 2020 година

Извршниот директор на Хјуман рајтс воч, Кенет Рот, укажува на сé поголемата закана за човековите права, од кинеската влада под претседателот Ши Џинпинг. Сè пософистицираната домашна репресија покажува дека водачите на Кина ги сметаат човековите права во државата како егзистенцијална закана.

Кина ја користи својата економска и дипломатска моќ за да ги замолчи критичарите во странство и да ги поткопа меѓународните системи за човекови права, тврди светскиот извештај за човековите права за 2020 година. Во извештајот се тврди дека напорите на Кина не само што ги потиснуваат правата на нејзините граѓани, туку се протегаат и подалеку од нејзините граници.

Светскиот извештај 2020 е 30-годишен преглед на почитувањето на човековите права низ целиот свет. Тој ги резимира клучните проблеми во областа на човековите права во повеќе од 100 земји и територии низ целиот свет, анализирајќи ги настаните од крајот на 2018 година до ноември 2019 година.

Рот заклучува дека Кина не е само нова сила во подем, туку и држава која што претставува егзистенцијална закана за меѓународниот систем за човекови права.

Ниту една друга влада не покажува толку многу сила и решителност да ги поткопа меѓународните норми за човековите права и институциите што ги поддржуваат, се наведува во извештајот.

Извештајот укажува дека владите на ЕУ спроведуваат миграциски политики кои премногу често ги изложувале луѓето на насилство и злоупотреба и им го оневозможувале пристапот до азил, особено со нивно задржување надвор од границите на ЕУ.


Извештајот укажува и на прекрушувањата на човековите права во Сирија и во Јемен. Во Светскиот извештај 2020 критикиките се однесуваат и на сириските владини трупи, но и на вооружените групи на опозицијата.

Според извештајот, во 2019 година и САД назадувале во однос на почитувањето на човековите права. Извештајот укажува на нехумани имиграциони политики од страна на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп и наратив кој ги продлабочува расизмот и дискриминацијата.

Покрај поткопувањето на правата на ЛГБТ заедницата, се укажува и на намалување на способноста на Американците да обезбедат соодветна здравствена заштита, како и на нерегулираните индустрии кои се закана за човечкото здравје и безбедност.

Што се однесува до состојбите во Европската унија извештајот укажува дека радикалните десничарски популисти продолжија да обликуваат голем дел од дебатата околу миграцијата, бидејќи институциите и владите на ЕУ спроведуваат миграциски политики кои премногу често ги изложувале луѓето на насилство и злоупотреба и им го оневозможувале пристапот до азил, особено со нивно задржување надвор од границите на ЕУ.

Европската комисија во текот на годината ги искористи своите овластувања за спроведување закони против Унгарија и Полска. Во април покрена нова постапка против Полска во врска со нејзините потези да ги дисциплинира судиите и ја проследи до Европскиот суд на правдата во октомври. Во јули покрена постапка против Унгарија поради ускратување на храна на барателите на азил заробени на границата и ја упати Унгарија на Европскиот суд на правдата и закон од 2018 година со кој се криминализира обезбедувањето помош за барателите на азил.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG