Интересот на Кимберли Ритер во борба против сексуалната експлоатација во во хотелите била поттикната од необичен извор: калуѓерка со име Сестра Пати Џонсон.
Сестра Пати сакала да закупи конвенција за нејзиниот ред преку компанија за менаџмент на конференции, но поставила еден услов. Хотелот требало да потпише изјава дека е против трговија со деца заради секс во нивниот објект.
Ритер, која работела со хотели во Сент Луис веќе 20 години, била запрепастена кога дознала дека проблемот со сексуална експлоатација постои во нејзиниот град. Таа почнала да истражува, на детективски начин.
„Сватив дека има веб-страница каде може да купите тостер, алатка за косење трева и – девојче“, вели Ритер.
Леснотијата со која може да се искористи Интернет за продавање секс го промени начинот на кој се одвива сексуалната експлоатација. Наместо да работат на улиците, жените и девојчињата се` повеќе се продаваат во хотели.
Група наречена „End Child Prostitution and Trafficking“ се обидува да помогне хотелите да се приклучат на борбата против овој овој тренд.
Но директорката на групата Карол Смолински вели дека многу хотели не биле волни да следат правила кои им биле предочени од организацијата.
Едно од барањата е хотелите да ги информираат своите муштерии за таквата политика.
Џо Мекинерни е претседател на Асоцијација на американски хотели и сместување. Тој вели дека ставањето назнаки во хотелските соби може да се толкува како нарушување на приватноста на гостите, или пак да води кон заклучок дека во тој хотел има проблем.
Но, неприфаќањето на кодексот на групата, за Сестра Пати не било опција.
„Многу од конгрегациите беа инволвирани со групата заради нашата работа на овој проблем, заради што тоа беше следниот природен чекор“, вели таа.
Откако таа почнала да работи со Сестра Пати, Кимберли Ритер почнала повеќе да внимава на рекламирињето на секс преку Интернет, каде девојчиња позирале во хотелски соби. Почнала да ги препознава завесите, покривките на креветите, ќебињата во хотелските соби, мебелот, и со тоа да ги идентификува хотелите каде девојчињата работеле.
Со доказите таа директно одела да разговара со менаџерот.
Главно, првата реакција била – тоа не се случува во нашиот објект. Но кога подобро ќе погледаат, Ритер вели, настапувал шок што такво нешто всушност се одвива токму пред нивни очи.
Кога би настапувала како Кимберли Ритер, таа вели дека не верува оти би имала поголемо влијание, но бидејќи работела за компанија за менаџирање конференции, тоа веќе значело нешто.
„Тие имаат голема моќ. Прават конференции насекаде низ САД и Канада“, вели Ритер.
Дури уште повеќе, сега се вработуваат социјални работници да го обучат персоналот во хотелите да препознаваат знаци на сексуална експлоатација.
Една од нив е Кети Роудс. Таа самата преживеала такво искуство кога макро ја однел во Калифорнија да работи во хотел кога имала 18 години. Била однесена во хотел и оставена таму да прави пари, а нејзиниот макро не ја платил ни собата, така што таа била постојано прогонувана од хотелскиот персонал, а била премногу исплашена да им каже што се случува.
Таа вели, ако вработените во хотелот ја препознале ситуацијата, таа може да била охрабрена да побара помош од нив. Таа сега се надева дека со притисок од групата на која припаѓа, нема да има повеќе девојки кои би се соочиле со такво нешто.