Линкови за пристапност

Срцев удар се „поправа“ со гел


Луѓето кои преживеале срцев удар се под зголемена опасност следниот да биде фатален. Нов биоматеријал може да помогне.

Милиони луѓе во светот страдаат од срцев удар секоја година и преживуваат. Овие трауматични настани се случуваат кога снабдувањето со крв на срцевите мускули на некој начин е блокирано, со што се прекинува и доводот на кислород, заради што умираат. Ова ја крева веројатноста од последователни срцеви удари, како и откажување на срцето, и поголема веројатност од смрт во рок од пет години.

Проблемот, велат стручњаците, е развивање на лузна во оштетениот срцев мускул. Иницијално од помош за заздравување на срцето, тврдата лузна всушност го ослабува потпорниот протеински ѕид, или матрикс, што нормално постои во просторот меѓу клетките на срцевиот мускул, освен кога е уништен од ткиво на лузна настаната по срцев удар. Карен Кристман е биомедицински инженер која работи на регенерација на ткивото

„Мислевме дека треба на срцето да му дадеме нешто што нормално го има. Развивме течна форма на овој матрикс што кога ќе дојде во ткивото може да го замени тоа што е природна протеинска платформа“.

Кристман и колегите на Универзитетот на Калифорнија Сан Диего го направиле хидрогелот од дел од свинско срце, прво вадејќи ги сите негови клетки со детергент, откривајќи пердувеста, проѕирна мрежа на сврзувачко ткиво. Овој матрикс потоа бил исушен, замрзнат и смелен во прав.

Потоа, материјалот бил направен во течност и вбризган директно во срцето на свињи кои биле предмет на тестирање и кои преживеале срцев удар.

Кога кардијачната течност постигнува телесна температура, Кристман вели дека таа станува полу-цврста материја, гел, што формира матрикс во оштетените делови на срцето. Тоа поттикнало растеж на нови клетки, додава таа, и понормално опоравување на ткивото што не е создава лузни.

„Кога проверивме три месеци по дадениот третман, најдовме дека има значително зголемување на кардијачниот мускул, како и намалување на ткивото на лузна. Иако се надевавме тоа да го видиме, многу сме возбудени“.

Кристман вели дека тестови на луѓе со оваа минимално инвазивна техника може да почне годинава во Европа. Би се користело ткиво од срце на свињи зашто тоа веќе се користи во операции на оштетени срцеви залистоци, токму заради тоа што не предизвикува сериозни проблеми со отфрлање кај реципиенти на трансплантации.

Журналот Science Translational Medicine ја публикува студијата за кардијачен хидрогел.
XS
SM
MD
LG