Линкови за пристапност

Долго седење пред екран може да ве убие


Долго седење пред екран може да ве убие
Долго седење пред екран може да ве убие

За милиони луѓе во светот, минување часови пред телевизија или играње видео игри е типичен ден. Но, целото тоа време минато пред телевизиски или компјутерски екран има сериозни ефекти по здравјето.

Повеќегодишна студија најде дека оние кои минуваат повеќе од нивното слободно време пред компјутерски или видео екран поверојатно ќе страдаат од кардиоваскуларен настан како мозочен или срцев удар.

„Круцијално наоѓање од оваа студија е што луѓето кои минуваат повеќе од четири часа гледајќи телевизија имаат поголем ризик од кардиоваскуларен настан“, вели истражувачот Марк Хамер од Универзитетскиот колеџ Лондон.

Кај оваа категорија луѓе има и поголем ризик од смрт од која било причина. Сеедно дали користеле компјутер на работа или не, оние кои минуваат четири или повеќе часови од слободното време седејќи пред компјутер или гледајќи телевизија се за околу 50 проценти со поголема можност да умрат од оние кои минуваат помалку од два часа пред екран.

Истражувачите користеле податоци од 4.500 возрасни лица кои учествувале во истражувачка програма наречена Шкотско здравствено истражување.

Хамер вели дека тој и неговите колеги ги земале предвид и другите фактори на ризик, како пушењето и високиот крвен притисок.

„Важен аспект на ова наоѓање е што ги прилагодивме нашите анализи со вклучување на другите ризични фактори – особено нивото на физичка активност на луѓето во програмата“.

Оваа студија генерално се поклопува со претходните истражувања извршени од други, кои сугерираат поврзаност на срцев удар и слични состојба со седење. Хамер признава дека многу луѓе мораат да минуваат цел работен ден пред компјутер и навечер сакаат да се релаксираат со нивна омилена тв-програма или видео игра.

Тој вели дека решението може да е едноставо – правење повеќе паузи во текот на денот, зашто дури и пет минути прошетување и раздвижување на циркулацијата е корисно.

Студијата од Марк Хамер, водечкиот автор Емануел Стаматакис и други е објавена во Журналот на американскиот колеџ за кардиологија.

XS
SM
MD
LG