Линкови за пристапност

Сто милиони луѓе осиромашени заради здравствени трошоци

Сега извештај на Светската здравствена организација дава практични упатства за тоа како владите можат да ги зајакнат своите системи за финансирање на здравството, и услугите да ги направат попристапни за повеќе луѓе

Сеедно дали се богати или сиромашни, сите влади имаат проблеми да ја платат здравствената грижа. Некои луѓе имаат добри здравствени планови што ги покриваат најголем дел од нивните трошоци, но тие се малцинство.

Светската здравствена организација вели дека една милијарда луѓе во светот немаат здравствена заштита што им треба, бидејќи таква не е достапна или тие не можат да си ја дозволат.

Директорот за финансирање на здравствените системи во СЗО, Дејвид Еванс, вели дека пред овие луѓе има тежок избор. Или директно да платат за здравствени услуги што не можат да си ги дозволат или да ја одложат грижата и да ризикуваат да добијат посериозна болест.

„Веројатно сто милиони луѓе избираат да ги користат нивните услуги секоја година, да платат за нив, и да ги сносат финансиските последици. Тие се турнати надолу на скалилото на сиромаштија едноставно затоа што плаќаат за здравствени услуги“, вели Еванс.

Алтернативата е во најновиот извештај што го објави организацијата.

Таму стои дека владите може да соберат и алоцираат повеќе пари за здравството. Либерија, Руанда и Танзанија ова веќе го направиле.

Извештајот исто така сугерира владите да собираат пари на пофер начин и тие пари да ги трошат поефикасно. Еванс вели дека и со овој приод некои земји веќе покажуваат резултати. Габон и Тајланд тој ги става во оваа категорија.

Извештајот вели дека поумно трошење може да го зголеми здравственото покривање во глобални рамки за 20 до 40 проценти, и идентификува десет области каде е можна поголема ефикасност.

СЗО признава дака сиромаштијата и финансиската катастрофа се поизразени во држави со помали примања зашто луѓето таму повеќе плаќаат од џеб за здравствена заштита. Затоа, таму стои дека на сиромашните држави ќе им треба повеќе помош од меѓународната заедница.

XS
SM
MD
LG