Линкови за пристапност

Хан доаѓа во Македонија


Еврокомесарот во Скопје ќе изврши увид во напредокот на имплементацијата на Договорот од Пржино

По најавената посета на тројцата европратеници – Едуард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит, кои беа и посредници во разговорите на лидерска четворка за надминување на политичката криза, официјално и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан следната недела, на 14 и 15 јануари, ќе пристигне во посета на Македонија. Тој на лице место ќе изврши увид во напредокот на имплементацијата на точките од таканаречениот Договор од Пржино, како и на прифаќањето на листата на приоритетните препораки од Европската комисија.

Македонските медиуми ја цитираа и изјавата на рече портпаролката на ЕУ, Кетрин Реј, според која причина за посетата на еврокомесарот е превреднување на ситуацијата. Посетата на Хан коинцидира со рокот во кој премиерот во заминување Никола Груевски треба да поднесе оставка, за да биде избрана преодна влада која би ги организирала предвремените избори на 24 април.

Откко по пробивањето на роковите и со дваиполмесечно задоцнување конечно, се конституираше новата Државна изборна комисија, Хан во Скопје сепак, ќе го дочекаат закочената Анкетна комисија за скандалот со таканаречените „бомби“ на опозицијата за незаконското прислушување и нерешените проблеми околу медиумското регулирање, така што, во медиумите во Скопје, се уште се шпекулира околу (не)постоењето можност во Македонија на 24-ти април да се организираат фер и регуларни избори?

Незадоволен од динамиката на имплементацијата беше и самиот Хан кој пред Нова година им испратил писмо на четворицата лидери, Груевски, Ахмети, Тачи и Заев, со сериозна загриженост поради неспроведувањето на преземените обврски до потпишаниот договор.

Ако не се поместува зададениот рок од 24 април, во февруари - на 60 дена пред изборите, треба треба да се распушти Собранието, во март - ДИК мора да го стави на јавен увид избирачкиот список и да ги објави описите на изборните единици, а најмалку 23 дена пред денот на изборите, ДИК мора да ги објави во дневен печат и листите со кандидати за пратеници.

Но, според опозициската СДСМ, „до овој момент не се исполнети условите за во април да има кредибилни избори“. Анкетната комисија за скандалот со прислушувани материјали е блокирана од минатиот месец, откако функционерите на ВМРО-ДПМНЕ одбија јавно да сведочат и претседателот на комисијата, Петре Шилегов, од редовите на опозицијата, беше дециден дека не сака комисијата само да биде алиби за власта, а и по двете подготвителни средби на работните групи, нема напредок околу кадровските промени во МРТВ, во Агенцијата за медиуми и во МИА, или околу донесувањето на нов закон за медиумите

Од друга страна, денес во Собранието беше одложено формирањето на анкетна комисија за новиот наводен скандал со фалсификувани лични карти, зашто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ не се согласииле дали покрај постоечката анкетна комисија за прислушуваните разговори, е потребно формирање нова. Членовите на Комисијата за избори и за именувања од СДСМ побарале точката да се отстрани од дневен ред, а пратеникот Илија Димовски, како координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, побарал политичка одговорност за според него, фалсификувањето лични карти и пасоши и за украдените идентитети на 120.000 граѓани. Според опозицијата, барањето на владеачката ВМРО-ДПМНЕ е само претстава за членството на таа партија.

XS
SM
MD
LG