Линкови за пристапност

Зелени градини на покрив даваат свежа храна и штитат од поплави


Според експертите зелените градини на покрив се всушност иднината на храната бидејќи овозможуваат свежа храна во урбаните средини

Дождовницата е многу важнa за одржување на животот на планетата. Таа помага растенијата да растат и да даваат плодови.

Но, премногу дожд, посебно во градовите, може да предизвика поплави, прелевање на канализацијата и со тоа загадување на околните потоци и води.

Рамните покриви кои претходно не се користеа речиси за ништо сега се искористени во функција на вистинска урбана агрокултура.
Дејвид Бел, архитект

За да се справат со овој проблем во урбаните области на САД, се повеќе градови подигаат градини на покрив.

Ваква градина е подигната во Вашингтон, на Универзитетот на Дистриктот Колумбија. Таа изоболува со разновидна вегетација, со цел да го апсорбира вишокот на дождовница. Во исто време, целта е тука да се одгледува и храна.

​Архитектот Дејвид Бел, кој ги дизајнираше петте градини на покрив во универзитетскиот кампус, вели дека ова е многу повеќе одошто обично управување со водата. Тој истакнува дека рамните покриви кои претходно не се користеа речиси за ништо сега се искористени во функција на вистинска урбана агрокултура.

Дождовницата се дистрибуира низ иригационен систем и се собира во цистерни за да се наводнува градината на покривот. Таа се користи и во другите делови на кампусот.

Кејтлин Арлота, постидпломец на програмата за урбана агрокултура, вели дека проектот е дел од истражување кое треба да покаже кои растенија се најсоодветни за огледување во градините на покрив, како за храна, така и за опрашување.

Во оваа градина се одгледуваат хибискус, јагоди, домати и слатки компири.

„Правиме експеримент со домати и со јагоди. Преку различни испитувања се обидуваме да видиме која сорта расте најдобро во зелените градини на покрив.“

На овој начин целта е да се добие свежа храна во градовите.

Сенди Фарбер Бандиер координира програма која има за цел „да го зајакне еколошкото здравје и естетиката на урбаните средини преку обука на жителите да станат градинари.“ https://www.udc.edu/causes/land-grant/center-for-urban-agriculture-gardening-education/

Таа вели дека е изненадена од родот од градината. „Произведовме околу 1.928 килограми плодови првата година и ги дистрибуиравме до луѓе на кои им требаа“, вели Бандиер.

Таа посочува дека зелените градини на покрив се всушност иднината на храната.

Вашингтон е еден од градовите со најголем број зелени градини на покриви во земјата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG