Двајца поранешни инженери на „Гугл“ го тужат технолошкиот гигант, под обвинение дека ги дискриминира конзервативните белци во компанијата.
Џејмс Дејмор е еден од нив, и беше отпуштен минатата година, откако напишал меморандум за одбрана на родовиот јаз на технолошките работни места во Силиконската долина, што можеби е прашање на биолошките разлики помеѓу мажите и жените.
Дејмор преку својот адвокат, зборуваше за тужбата поднесена во сојузната држава Калифорнија.
„Оваа тужба е наменета за да им помогне на сите, како во „Гугл“, така и на корисниците на производите на компанијата и потенцијалните работници во неа. Ова го правиме бидејќи навистина мислам дека ваквото однесување е на штета на многу вработени и на компанијата воопшто, има вознемирување и обиди луѓето да се чувствуваат изолирано, за да не го постигнат својот максимален потенцијал“, рече овој инжинер.
Дејмор и неговиот колега, Дејвид Гурман, тврдат дека „Гугл“ користи нелегални квоти за вработување, за да ги пополни работните места со жени и кандидати од малцинските групи.
Гугл изјави дека со нетрпение очекува да се брани од обвинувањата на суд.
Facebook Forum