Линкови за пристапност

Актер од „Гли“ најден мртов


Во хотелска соба во Ванкувер 31-годишниот Кори Монтеит е најден мртов, без индикации за причината на смртта

Триесетиедногодишната ѕвезда на американската телевизиска серија „Гли“, e најден мртов во хотелска соба во Канада.

Полицијата вели дека хотелскиот персонал го открил телото на Кори Монтеит во неговата хотелска соба во Ванкувер, во саботата. Хотелската видео снимка го покажува со други луѓе во петокот навечер, но и дека се вратил сам во хотелот. Полицијата вели дека нема сомневање дека е извршено кривично дело.

Монтеит завршил третман за злоупотреба на супстанци порано годинава, иако се` уште нема изјава дали дрога и алкохол придонеле за неговата смрт.

Актерот играл фудбалска ѕвезда во средно училиште и пејач во „Гли“, што се фокусира на хорско шоу во средно училиште и се прикажува во повеќе од 20 држави во светот.
XS
SM
MD
LG