Има повеќе од 80 автоимунолошки пореметувања, вклучувајќи обични алергии како ревматолошки артритис, кои ги напаѓаат зглобовите, Кронова болест, што е воспаление на стомачната празнина, и дијабетисот кај млади.
Ричард Блумберг, професор на Харвардската медицинска школа и шеф на гастроентерологија во Бригам и женската болница во Масачусетс, вели дека медицинските истражувачи во 1989 сакале да ги објаснат овие различни автоимунолошки пореметувања со, како што велат, „хигиенска хипотеза“.
„Хипотезата започнува, или сугерира, дека изложеноста во раните години на микроби е многу важна одредница за чувствителноста подоцна во животот на алергиски или таканаречени автоимунолошки болести“, вели Блумберг.
Хигиенската хипотеза сугерира дека сето миење на луѓето со популарните анти-бактериолошки сапуни и лосиони може да ги прави болни со менувањето на нивните имунолошки системи. Но таа теорија не беше тестирана, до сега.
Блумберг и колегите го нашле првиот биолошки доказ дека изложеноста во детството на бактерии го одржува исправен имунолошкиот систем на возрасните, со спречување на развој на некои автоимунолошки болести. Тие споредиле група глувци израснати во типична средина полна со бактерии, со група пораснати глувци во стерилна средина.
Истражувачите откриле дека воспаленијата во белите дробови и цревата на возрасен глушец без бактерии биле предизвикани со премногу активни таканаречени убијци Т-клетки. Овие клетки нормално се борат против инфекции, но кај овие глувци тие целеле на здраво ткиво –автоимунолошка состојба што е присутна кај астма, на пример.
Но Блумберг вели дека нормални глувци кај кои имунолошкиот систем бил „едуциран“ со изложеност на средина богата со микроби немал таков воспалувачки одговор.
„Тоа што е навистина значајно е фактот што кога едукативен настан со микроби се случил рано во животот тој е издржлив и трае во текот на животот на животното. И ако таков едуцирачки настан не бил даден, невозможно е да се едуцира животното подоцна во животот“, вели Блумберг.
Тимот на Блумберг заклучил дека има критичен прозорец на можност рано во животот за микропска изложеност за да се обезбеди доживотна заштита од развивање на автоимунолошки пореметувања.
Вакви пореметувања има се` повеќе во светот, но главно во побогатите, индустријализирани држави. Блумберг сугерира дека тоа може да се должи на начинот на кој се третираат рутинските детски болести.
„Мислам дека едно очигледно прашање што го покренуваат овие студии е употребата на антибиотици во раните години на живот и дали треба да се биде повнимателен во нивно препишување.“
Роб Дан мисли дека го знае одговорот. Тој е професор за екологија и еволутивна биологија на Државниот универзитет на Северна Каролина во Рали. Тој посочува дека не толку одамна, било вообичаено децата во САД да бидат заразени од безопасни цревни паразити. Тој вели дека овие паразитски инфекции играле позитивна улога во спречување на автоимунолошки болести.
Дан забележува дека медицинските истражувачи штотуку почнале да ја сфаќаат можната врска меѓу корисни паразити и болести кај луѓето. Тој вели дека последните наоѓања не значат дека луѓето треба да престанат да се мијат:
„Мијте ги рацете, но не со анти-микропски сапун. Оставете ги децата да си играат во разумна валканост и одете надвор да бидете изложени на различни работи“.
Студијата на Ричард Блумберг и колегите, која покажува како раната изложеност на бактерии го зајакнува телесниот имунолошки систем, е публикувана во журналот „Наука“.