Бившиот командант на НАТО, генералот Џејмс Џонс го нарекува рускиот претседател Владимир Путин лице кое сака поразите од минатото да ги исправи со помош на киберенетското оружје.
„Тој презема акции против Западот, за кои смета дека требало да бидат преземени уште во времето на распадот на Советскиот сојуз. Тој сака да се одмазди за она кое го смета како ускратена западна помош за Русија, во тешките години по распадот на Советскиот Сојуз. Путин исто така искажува голема нетрпеливост кон НАТО. Тој проширувањето на НАТО на Исток го сфати како лична навреда. Неговата сегашна меѓународна политика се сведува само на една операција, да создава крвопрелевања онаму каде што може.“
За разлика од многубројните други прогнози, Џонс не предвидува „Трета светска војна“ со Русија, но вели дека постои нов меѓународен натпревар со непредвидливи последици во кој учествуваат повеќе држави:
„Благодарение на новата технологија, за чие користење нема никакви меѓународни регулативи, доаѓаме во ситуација државите како Русија, Кина, Иран и донекаде Северна Кореја да можат да продрат во нашата култура, да ги крадат наште врвни научно-технички достигнувања кои подоцна ги користат за да не престасаат. Во не така далечна иднина, држава која ќе може прва да обезбеди целосна кибернетска безбедност, ќе биде во можност да создаде поголеми пореметувања. Тоа е суштината на кибернетската војна во нашиот век.“
Запад на потезите на Путин досега одговараше речиси исклучиво со економски санкции. Иако резултатите се спори, Џонс вели дека тие се доволни силни за да му покажат на Путин дека постои висока цена за ваквото однесување.
Facebook Forum