Линкови за пристапност

Г8 повика на мировни преговори за прекин на конфликтот во Сирија


Лидерите се согласија да не плаќаат откуп на терористи, и да споделуваат информации на нивните даночни служби

Лидерите од Г8 се заложија за крај на двегодишниот конфликт во Сирија што би резултирал од преговори, но не побараа симнување на сирискиот претседател Башар ал Асад од власт.

Шефовите на држави од најразвиените економии во светот се огласија дека мировните разговори треба да се одржат што е можно побрзо и да произведат влада предводена од „раководство кое ќе инспирира доверба кај народот.“ Западните лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Барак Обама, повикаа на ставање крај на режимот на Асад, но рускиот претседател Владимир Путин одби тоа да го направи специфична цел.

На крајот од дводневниот самит во Северна Ирска, светските лидери исто така потенцираа дека даночните власти ширум светот треба да споделуваат информации „за поголема борба против оние кои избегнуваат плаќање данови.“

Лидерите на Г8 исто така се согласија да запрат со плаќање откуп за киднапирани лица од терористи. Заложништвото зема замав во Западна Африка, особено во Нигерија, каде западните нафтени компании имаат деловни операции.

Најголемо внимание сепак предизвика сирискиот конфликт. Самитот изнесе на виделина длабоки поделби меѓу рускиот претседател Путин од една и другите лидери од друга страна.

Путин, кој има склучено договор за испраќање оружје за сириската влада, и Обама, кој се согласи за вооружување на бунтовниците, разговараа два часа во понеделникот, но само се согласија дека конфликтот мора да прекине.

Подоцна, рускиот лидер призна дека цитираме „немаме исти мислења за сите прашања“, а Обама рече дека тие имале „различни перспективи“.

Претседателот Обама во понеделникот најави дека САД ќе обезбедат дополнителни 300 милиони долари за храна, засолниште и медицински потреби за речиси пет милиони бегалци во и надвор од Сирија.

Белата куќа вели дека го разбира товарот од бегалската криза врз соседите на Сирија, но ги повика да ги отворат границите за лицата кои бегаат од виорот на војната.

САД се најголем доставувач на хуманитарна помош за сириските бегалци. Во последните две години, одвоија 815 милиони долари.
XS
SM
MD
LG