Линкови за пристапност

Ова е момент кога новинарите мора да останат политички независни, порача Институтот за новинарство на Ројтерс


Согласно извештајот, во Европа кој е еден од најбезбедните континенти во светот според слободата на печатот, тројца новинари се убиени во изминативе три години

Независноста на медиумите низ поголемиот дел од Европа е под закана од политичарите, се наведува во извештај на Институтот за новинарство на Ројтерс.

Согласно извештајот, новинарите се соочуваат со вербални напади од страна на политичарите, а се забележуваат и меѓусебни напади на новинарите, кои се дискередитираат меѓусебе во одбрана на ривалските медиуми.

Извештајот нагласува дека во Европа, кој е еден од најбезбедните континенти во светот според слободата на печатот, тројца новинари се убиени во изминативе три години.

Извештајот, исто така, ги рангира балтичките земји како едни од најдобрите според слбодата на печатот.

Новинарите во Централна и Источна Европа се соочуваат со голем притисок, иако се забележува дека тие возвраќаат во одбрана, што се гледа преку победата на кандидатите на претседателските избори во Северна Македонија, Латвија и Литванија

„Во многу држави медиумите се доведени под директна или индиректна контрола на владите“, стои во извештајот, во кој се додава:

„Медиумската средина во овој регион ја карактеризира зголемена несигурност за работните места на новинарите, како и зголемена поларизација. Медиумите се етикетираат како провладини или против владите, а новинарите кои работат за нив се принудени да заземат страна“.

Во ваква клима, нотира извештајот, новинарите бараат солидарност и поддршка да продолжат со нивната работа, иако тоа не е секогаш случај.

Извештајот дава препораки како да се заштитат новинарите, но, и да се справат со менталниот притисок, повикувајќи ги медиумските професионални организации и асоцијации, дома и во странство, да ги адресираат факторите кои го нарушуваат независното новинарство.

Извештајот повикува многу медиумски организации да го преиспитаат нивниот однос со јавноста.

„Ова е момент кога новинарите мора да останат политички независни, но, со вредноста што ја нудат во општеството, да ја убедат јавноста да плати за добро новинарство“, се вели во извештајот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG