Линкови за пристапност

САД преземаат чекори за подобрување на безбедноста на храната


САД преземаат чекори за подобрување на безбедноста на храната
САД преземаат чекори за подобрување на безбедноста на храната

Американскиот Центар за контрола и превенција на болести проценува дека еден на секои шестмина Американци се разболеле откако јаделе контаминирана храна, а од истата причина 5.000 умираат секоја година.

Поради појавата на труења од бактерии како и-коли и салмонела изминативе неколку години, од продажба беа повлечени огромни количини на мелено говедско месо, спанаќ, домати и јајца.

Затоа, прехрамбената индустрија и Одделот за земјоделство поставија поостри регулативи за да се држи загадената храна подалеку од резервите на храна. Месните производи нема да бидат достапни до потрошувачите од 24 до 48 часа се` додека владините инспектори не ги прегледаат резултатите од тестирањата на тие производи. Владини претставници веруваат дека доколку новите регулативи биле применети пред две години, би помогнало да се спречат преку 44 сериозни повлекувања на прехрамбени производи.

Други поддржувачи на иницијативата на безбедна храна велат дека американскиот систем е посилен откако американскиот претседател Барак Обама минатиот јануари го потпиша Актот за модернизација на безбедноста на храната, со што тој стана закон. Ова беше прв закон за подобрување на државната инфраструктура за безбедност на храната за последните 70 години. Актот бара компаниите да ја запрат контаминацијата пред таа да се случи со зголемување на инспекциите во објектите каде храната се преработува и со принудување на компаниите да ги отповикаат производите што се загадени.

Но, експертите додаваат дека може да бидат потребни 10 години пред да бидат воведени посериозни промени за заштита од небезбедна храна во САД. Во меѓувреме, тие повикуваат на дополнителни истражувања и подигање на свеста на јавноста за болестите причинети од контаминирана храна.

XS
SM
MD
LG