Линкови за пристапност

Македонија со ББ+


Агенцијата за кредитен рејтинг Фич го потврди овој статус во својата најнова прогноза.

Агенцијата за кредитен рејтинг Фич, со седиште во Њујорк, денес го потврди како ББ+ долгорочниот рејтинг на странска и локалната валута во Македонија. Истовремено, краткорочниот кредитен рејтинг на земјата ја доби ознаката Б, а крајната граница на задолжување со БББ-.

Рангирањето се должи на подобрените можности за развој, особено по стагнацијата од претходната година. Во годишната проценка на агенцијата се наведува дека бруто- домашниот производ се зголемил за 3,4%, што главно се должи на позитивниот развој во градежниот сектор. Бројката се очекува да се намали до крајот на годината, но од агенцијата предвидуваат дека БДП ќе го задржи просекот од 2,7% за целата година. Фич смета дека буџетските перспективи ќе се зајакнат во 2014-та и 2015-та, со планираното интензивирање на извозот и инвестициите.

Сепак, агенцијата наведува дека како нерешено прашање и натаму останува проблемот со нивото на невработеност, кое, и покрај позитивните знаци годинава, и натаму е на високи 28,8%.

Агенцијата ја издвојува долготрајната поврзаност на денарот со еврото и дека не пати од поголема нерамнотежа во трговската размена.

Фич го издвојува политичкиот ризик како потенцијален фактор во образувањето на фискалната слика. Наведува дека преговорите меѓу Македонија и Грција за спорот околу името се статус-кво, ги оценува односите меѓу етнички македонското мнозинство и албанското малцинство како стабилни, но, како што вели, не може да се занемари фактот дека натамошната незивесност во врска со членството во ЕУ и НАТО може да придонесе за обновување на тензиите.

Фич рејтингс е основана 1913-тата во Њујорк.
XS
SM
MD
LG