Линкови за пристапност

Реакции на светските берзи по наглиот пад


Акциите во Азија непроменети по ниското тргување

Берзите во Азија во голем дел останаа непроменети на пазарот во вторникот, ден по ниското тргување во Кина кое беше проследено со големи рецесии во европските и американските акции.

Индексите во Кина почнаа со драстично пониско ниво во вторникот но, во првиот половина час брзо се повратија и варираа над или под затварањето во понеделникот. Немаше такво враќање во понеделникот кога кинеските акции паднаа за околу седум процента и ова ги поттикна властите да го запрат тргувањето со Шангај и Шенжен за 24 часа.

Јапонскиот индекс Никеи, кој имаше пад од три процента во понеделникот, имаше мала заработувачка во вторникот пред да навлезе во негатива, намалување за помалку од половина процент на крајот на тргувањето.

Во Хонг Конг, берзата Ханг Сенг имаше добивки кои беа занемарени во попладневните часови со надолното тргување на индексот за помалку од три четвртини од еден процент.

Во САД во понеделнникот, акциите на DOW и S&P доживејаа пад за околу 1,6 проценти, додека NASDAQ загуби повеќе од два процента.

Европските акции исто така забележаа пад, германскиот Дакс загуби повеќе од 4%, а ФТСЕ во Лондон регистираше пад од повеќе од 2%.

Глобалното ниско тргување беше поттикнато со уште еден во серијата разочарувачки извештаи за кинеското производство. Инвеститорите на тоа гледаат како показател дека економскиот раст во Кина забавува. Кина е втора по големина економија во светот и е клучен пазар за многу други нации.

Цената на суровата нафта е променлива. Во еден момент цената се зголеми поради загриженоста дека зголемувањето на тензиите помеѓу клучните производители на нафта Саудиска Арабија и Иран би можеле да го намалат снабдувањето на светскиот пазар.

XS
SM
MD
LG