Линкови за пристапност

Ќе има обид за манипулација со лажни вести пред изборите во април, предупредуваат во Вашингтон


Кети Џозеф, авторка на нов извештај за влијанието на дезинформациите во Северна Македонија, вели дека државата во голема мера е под влијание на Русија

Нема сомнеж дека на изборите во април ќе има обид за манипулација со лажни вести, вели Кети Џозеф, авторка на нов извештај на Националната фондација за демократија во Вашингтон, кој се фокусира на влијанието на дезинформациите во Северна Македонија.

Согласно извештајот, голем дел од лажните вести во Северна Македонија доаѓаат од надворешни извори, како Русија.

„Дефитивно верувам дека ќе има обид за манипулации на следните избори. Но, исто така, Македонците можат да се заштит себе си. Треба да гледаат вести од веродостојни извори, да ги проверуваат луѓето кои коментираат под информациите на социјалните медиуми, за да можат да добијат појасен впечаток за тоа кој стои зад одреден наратив“, изјави Кети во интервју за Гласот на Америка.

Извештајот ја обработува и психолошката состојба на граѓаните, и нивниот однос кон прифаќање информации, без претходно да проверат дали се базирани на факти.

„Не би рекла дека луѓето во Северна Македонија се целосно предиспонирани да веруваат во лажни вести. Но, постојат етнички тензии и желба на Русија да влијаие во регионот. Тука е и недовербата во медиумите. Во средина како Северна Македонија тешко е да се има слобода на печатот, бидејќи финансирањето во голем дел доаѓа од Владата и големите корпорации, кои туркаат нивен наратив, а не објективно новинарство“, вели Џозеф.

Една од причините за лесно ширење неточни вести во државата е слабата доверба на јавноста во медиумите и политичарите

Таа верува дека политичарите нема да го решат проблемот со дезинформирање од причина што многу од нив и самите ги манипулираат медиумите.

Според неа, потребна е едукација на новинарите за бесплатни алатки кои можат да ги користат за да ги проверуват вестите пред да ги објават.

„Новинарите се должни да ги држат институциите и владата одговорни со информации базирани на факти“, рече таа.

Џозеф верува дека клучна улога во борбата против дезинформациите ќе имаат граѓанските активисти, кои би можеле да вршат проверка на фактите на Фејсбук и на Твитер.

„Дезинформациите се сериозна закана за демократијата. Предизвикува луѓето да се свртат едни против други. Целта е да се дестабилизраат довербата во демократијата и капацитетот на институциите“, објаснува Џозеф.

Од недоамна, пак, државата формира акциска група од владини претставници и членови на медиумите, со цел заеднички да се справат со ширењето непроверени и лажни информации.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG