Извештај подготвен од специјалниот известувач на ОН за екстремна сиромаштија и човекови права, упатува на тоа дека 40 милиони лица во САД живеат во сиромаштија, од кои 18,5 милиони се наоѓаат во екстремна сиромаштија, а преку 5 милиони, живеат во услови на целосна сиромаштија. Извештајот е претставен пред Советот за човекови права на ОН.
Специјалниот известувач, Филип Алстон рече дека во американското општество постојат најголеми социјални разлики, ако се земе во предвид развиениот свет. Тој вели дека американските политики носат придобивки за богатите и го поттикнуваат растот на сиромаштијата.
Тој вели дека политиките на администрацијата на Трамп ги стигматизира сиромашните со тоа што инсистира на тоа дека оние кои добиваат владина помош, всушност се способни да работат. Тој вели дека американската влада сугерира дека лицата кои добиваат социјална помош се мрзливи и не сакаат да работат, што не ја отсликува вистината.
„Статистиката покажува дека големо мнозинство од луѓето, кои на пример добиваат пари од програмата Медикеид или работат со полно работно време, студираат или се грижат за други лица“, вели Алстон.
Тој додава дека само 7 проценти од нив не работат.
Во извештајот, Алстон наведува дека во САД има најголема нерамноправност во приходите меѓу западните држави, каде еден процент од популацијата поседува 38 проценти од севкупното богатство.
Тој истакна и дека даночните кратења на администрацијата на Трамп од 1,2 трилиони долари, ќе донесе бенефиции за богатите, и ќе ја влошат состојбата на сиромашните.
Претставникот на ОН за Гласот на Америка, изјави дека на крајот од неговата мисија, издал посебно соопштение кои им дава можност на државите да одговорат уште веднаш.
Иако САД се повлекоа од Советот за човекови права, Алстон формално го претстави извештајот пред ова тело, така што и САД може да одговорат како држава набљудувач.
Facebook Forum