Линкови за пристапност

Вечерва започнува Европското првенство


Градови домаќини се Рим, Лондон, Санкт Петербург, Баку, Минхен, Амстердам, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов и Севилја

Првиот натпревар од Европското првенство во фудбал започнува денес на стадионот Олимпико во Рим, Турција игра против Италија.

Европското првенство во фудбал на УЕФА во 2020-та година беше одложено за една година поради пандемијата што запре многу од светските активности.

Забележително е дека утрешниот натпревар во петок ќе се игра во Италија, првата земја надвор од Азија, погодена од пандемијата и прва во светот што наметна блокада низ целата земја.

Еуро 2020 беше суспендиран минатиот март, бидејќи вирусот уби повеќе од 1 милион Европејци, вклучувајќи и 127 илјади Италијанци.

Организаторите на турнирот, Унијата на европски фудбалски асоцијации, се надеваат дека ќе ја намалат загриженоста дека сè уште е небезбедно за десетици илјади навивачи да се соберат на стадионите ширум Европа со преземање на неколку безбедносни мерки. Тие вклучуваат ограничувања на толпата, времето на пристигнување на навивачите, социјално дистанцирање и средство за дезинфекција на рацете.

Навивачите на натпреварот во Рим треба да покажат документација дека биле вакцинирани, биле тестирани со негативен тест 48 часа пред натпреварот или претходно имале коронавирус.

Еуро 2020, 16-тото првенство на УЕФА, е закажано до 11-ти јули.

За прв пат, натпреварите ќе се играат низ цела Европа. Градови домаќини се Рим, Лондон, Санкт Петербург, Баку, Минхен, Амстердам, Букурешт, Будимпешта, Копенхаген, Глазгов и Севилја.

Вкупно 24 екипи поделени во шест групи ќе учествуваат на турнирот, кој се состои од 51 натпревар.

Група А: Турција, Италија, Велс, Швајцарија

Група Б: Данска, Финска, Белгија, Русија

Група Ц: Холандија, Украина, Австрија, Северна Македонија

Група Д: Англија, Хрватска, Шкотска, Чешка

Група Е: Шпанија, Шведска, Полска, Словачка

Група Ф: Унгарија, Португалија, Франција, Германија

Македонската репрезентација, првиот натпревар на Европското првенство ќе го одигра против Австрија, во недела.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG