Линкови за пристапност

Уапсени 90 припадници на криминалниот клан „Ндрангета“


Италијанскиот државен обвинител рече дека треба да се уапсат илјадници лица поврзани со кланот

Во најголемото движење против криминалниот клан „Ндрангета“, 90 лица се уапсени во Италија, Германија, Холандија, Белгија и Луксембург. Едно лице, исто така, е уапсено во Суринам. Координираните рации во раните утрински часови беа извршени на локации кои полицијата ги идентификуваше во истрагата под кодно име „Полино“, која започна во 2016 година.

Италијанскиот државен обвинител Федерико Кафиеро де Рахо, обраќајќи се во Хаг, рече дека апсењата не се ништо за “Ндрангета“, бидејќи дури илјадници луѓе поврзани со кланот треба да бидат уапсени.

Криминално организираната група “Ндрангета“ е стационирана во јужниот италијански регион на Калабрија, но нивните криминални активности се протегаат низ цел свет.

Де Рахо изјави дека групата инфилтрирала пристаништа во Европа за полесно да шверцува дрога. Тој додаде дека координацијата помеѓу полициските сили во европските земји е од суштинско значење за борбата против овие видови криминални активности.

Операцијата во вторникот беше изведена само еден ден откако италијанската полиција го уапси Сетимино Минео, осомничениот нов „шеф на шефовите“ на сицилијанската мафија Коза Ностра, заедно со 45 други осомничени мафијаши.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG