Линкови за пристапност

Лидерите од Централна Европа и Балканот во паника поради демографскиот пад


Лидерите на Централна Европа и на Балканот се во паника поради демографскиот пад и ги охрабруваат семејствата да го спречат натамошното намалување на наталитетот.

Некои од обидите да се поттикне наталитетот морничаво потсетуваат на фашистичката и комунистичката ера со апели за патриотизам и семејни вредности, како и големи даночни олеснувања и награди за паровите кои ќе добијат деца.

Либералните критичари ги обвинуваат популистичките влади дека ја искористиле заканата за депопулација во интерес на нивната агенда. Но, владините претставници ги отфрлаат обвинувањата и велат дека ако не се зголеми наталитетот владите нема да можат да ги покријат издатоците за пензии и за здравствена заштита на постарите генерации.

Миграционите трендови исто така ја отежнуваат борбата за зголемување на домашното население и за раст на бројот на млади работници заради финансирање на идните трошоци. Младите се помасовно ја напуштаат Централна Европа во потрагата по подобар живот, селејќи се во просперитетни држави од Западна Европа.

Во Унгарија, каде стапката на наталитет падна на 1,49 живородени деца по жена (нивото потребно за одржување на нивото на населението е 2,1), премиерот Виктор Орбан понуди помош за домување и намалување на заемот за хипотека, во обид да охрабри повеќе раѓања. На мајките им е понудено ослободување од данок на доход за одгледување четири или повеќе деца. Жените кои стапуваат во брак под 40-годишна возраст можат да добијат државен заем од 36.000 американски долари со целосно простување на долгот откако ќе родат трето дете.

Германија се обиде да ја зголеми стапката на наталитет со тоа што ќе им го олесни животот на младите родители, при што паровите добиваат значаен додаток во текот на две години по раѓањето на детето, доколку двајцата работат со скратено работно време.


Минатиот месец популистичкиот водач на Унгарија објави дека државата ќе преземе шест клиники за плодност, кои ќе понудат бесплатни ин витро третмани за оплодување или ИВФ.

Полска обезбедува семеен месечен додаток од 500 злоти (околу 125 американски долари) по дете. Партијата за право и правда првпат го воведе надоместокот по победата на изборите во 2015 година, како дел од програмата наречена Семејство 500+, која стана модел за депопулација.

Но, критичарите велат дека ова е начин за купување на гласови. Тие велат добивањето дете на овој начин станува јавна работа, а не само приватна, и дека тоа значи враќање во патријархатот кога улогата на жената била ограничена на раѓање деца. Оттука, некои предлози сметаат дека се понижувачки.

Германија се обиде да ја зголеми стапката на наталитет со тоа што ќе им го олесни животот на младите родители, при што паровите добиваат значаен додаток во текот на две години по раѓањето на детето, доколку двајцата работат со скратено работно време.

Исто така, Италија го вклучи алармот за пад на наталитетот, откако бројот на новороденчиња се спушти на најниската стапка од почетокот на статистиките кои се водат од 1861 година. Италијанските жени во просек имаат 1,29 деца, многу пониско од 2,1 колку што треба за да се одржи популацијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG