Линкови за пристапност

Од Бразил до Конго - 2015-та е најсмртоносна за еколошките активисти


Во најнов извештај на организацијата „Глобал витнес“ се наведува дека имало 185 убиства во 16 земји ширум светот

2015-та е рекордна по бројот на смртни случаи на активисти за животна средина, се вели во најновиот извештај на набљудувачката организација „Глобал витнес“.

„Бројките се шокантни“, изјави за Гласот на Америка, Били Кајт, раководител на кампањата. „Имаме документирано 185 убиства во 16 држави во светот. Споредено со минатата година, ова е зголемување од речиси 60%. Во просек, неделно во 2015-та биле убивани по три лица, бранејќи ја животната околина и правата за замјопоседништво.

Најголем број на убиства имало во рударството - 42 смртни случаја.

На први место по бројот на инцидентите е Бразил, или 50 смртни случаи, и во Филипините, со 33-ца убиени. Потоа следат Колумбија, со 26 убиства и Перу и Никарагва со по 12. Во Африка, Деморатската Република Конго, која важи за земја богата со ресурси, имало 11 убиства, се додава во извештајот на „Глобал витнес“.

Кајт говореше и за наводите за можен заговор меѓу големите бизниси и Владата, особено во Африка.

„Во Африка е потешко да се дојде до информација“, вели тој. „Можно е причината да се порепресивните режими, што значи потешко е да се дојде до податоци за тоа колку луѓе се убиени или биле под закана. Воедно има помало присуство на граѓанското општество, што значи помал мониторинг на локалните невладини организации или новинари по прашањето. Имајќи го тоа предвид, минатата година видовме криминализација на активностите. За бројни влијателни активисти кои им се спротиставуваат на одредени земјоделски компании, се отпочнати судски постапки или се осудени под лажни основи“.

Организацијата ги повикува владите ширум светот да ја зголемат заштита за еколошките активисти и да ги интензивираат напорите да не бидат кривично гонети.

За сличен тренд со овие лица јавува и организацијата „Сурвајвл интернешнал“.

Кајт не образложи кога беше запрашан зошто се зголемуваат ваквите убиства. Дали падот на цената на нафтата на глобално ниво можно е да става поголем притисок на другите индустрии во остварување на нивниот профит? „Можеби“, рече тој. „Но вистинската причина е веројатно едноставна. Во многу од споменатите земји - нестабилноста, внатрешните конфликти и корупцијата им дозволува на сторителите буквално да се извлечат со убиство“.

Гласот на Америка контактираше три организации наведени во извештајот на „Глобал витнес“ (Global Witness), дека се поврзани со убиствата. Се работи за холандската компанија „Девелопмент фајненс“ (Development Finance Company), проектот за брани „Аква зарка“ (Agua Zarca) и компанијата за масло од палми „Динант“ (Dinant). Изминативе 48 часа, ниту една од овие организации не излезе со коментар.

XS
SM
MD
LG