Линкови за пристапност

Стручњаците гледаат промени на енергетскиот пазар


Стручњаците гледаат промени на енергетскиот пазар
Стручњаците гледаат промени на енергетскиот пазар

Со растење на светското население расте и побарувачката за енергија, што создава натпревар за расположивите ресурси. Многу енергетски експерти веруваат дека светското нафтено производство наскоро ќе достигне зенит и дека ниедна алтернативна енергија до сега развиена нема да може да ја покрие потребата. Но на форум минатата недела одржан во Хјустон, енергетските експерти расправаа за трендови кои би можеле радикално да го трансформираат енергетскиот сектор во наредните децении.

Во изминатите неколку години светската енергетска сцена започна да се менува. Бразил откри огромни резерви на нафта во проекти на длабочинско копање близу крајбрежјето и САД открија природен гас и нешто нафта во карпи при хоризонтално дупчење.

Во исто време, Канада ја зголеми продукцијата на петролеум од своите нафтени песочни локации во западната провинција Алберта.

Зборувајќи на енергетска конференција деновиве во Хјустон, канадскиот Министер за природни ресурси, Џо Оливер, вели дека технологијата отворила големи можности во Северна Америка.

„Северна Америка е сега најбрзо растечки регион за производство на нафта надвор од ОПЕК, со проектиран обем од 10 проценти зголемување во текот на наредните пет години“, вели Оливер.

Даниел Јергин во новата книга „Енергетска безбедност и повторна изградба на модерниот свет“, вели дека „мапата за резервите со нафта брзо се менува како и очекувањата за пазарите, што ќе има влијание на геополитиката“.

Јергин забележува дека технолошката иновација која го трансформира глобалниот пазар на енергија се фокусира на традиционалниот глобален пазар на гас и нафта, но, тој додава, обновливите извори на енергија како ветер, соларна енергија и биогорива ќе станат поважни неколку децении од сега.

Турција веќе го става акцентот на енергијата од ветер со цел тоа да стане 30 проценти од домашната електрична побарувачка во следниве 20 години.

Но комесарот на турската агенција за енергија EMRA Алпарслан Бајрактар вели дека неговата држава исто така сака да се здобие со важна стратешка позиција географски премостувајќи го јазот меѓу Европа и Азија.

„Ние сме во центарот на понуда и побарувачка. Европа има голема потреба, и нашата домашна побарувачка е голема и секако, имаме енергија за снабдување од соседите на Турција“, вели тој.

Генералниот секретар на Советот за светска енергија со седиште во Лондон, Кристоф Фри, вели дека таквото планирање ја менува енергетската мапа на светот:

„Воспоставивме коридори на нафта и гас – зошто да не употребиме некои од тие коридори да донесеме за пренесување на дел од таа ветерна енергија, прво до Турција, но зошто не и понатаму, во Европа“.

Она што оваа тема ја прави интересна, е што постои голема неизвесност од една страна и голема иновативност од друга страна. Ние сме на работ на една голема револуција, вели Фри.

Како таа револуција ќе биде изведена, ќе зависи дистрибуцијата и производството на храна, и конечно, од тоа ќе зависи целата светска економија.

XS
SM
MD
LG