Линкови за пристапност

И покрај разговорите во Египет, протестите продолжуваат


И покрај разговорите во Египет, протестите продолжуваат
И покрај разговорите во Египет, протестите продолжуваат

Разговорите меѓу египетската опозиција и владата на претседателот Хосни Мубарак не успеа да ги запре илјадниците од демонстрирање и повикување за негово моментално отстранување.

Египетскиот главен град се се чини дека е очаен за враќање во нормална рутина. Сообраќајот беше густ во време на одење на работа, а возачите понекогаш требаше да ги заобиколуваат армиските тенкови и изгорени возила – потсетници на насилството во демонтрациите.

Банките се отворени втор ден, но се` уште нема активност на берзата.

Но, исто како што некои луѓе сакаат да се врати животот во нормала, демонстрантите сакаат да обезбедат постојан притисок врз Мубарак да замине од власт и нивните напори да не избледат.

На 14-от ден тие продолжија да се собираат на Тахрир плоштадот.

Опозицијата, како и протестантите, велат дека не е задоволна од исходот на разговорите меѓу опозиционите групи и владата на Мубарак. Меѓу тие групи е Муслиманското братство, што беше забрането со децении.

Еден од главните лидери на групата Муслиманско братство за Гласот на Америка кажа дека дијалогот може да продолжи само ако владата одговори на барањата на опозицијата за длабоки политички реформи.

Портпарол на друга група, Исаам Ерјан, се сретна со новинарите. Тој рече дека никој со здрав разум нема да отфрли дијалог, но кажа дека дијалогот мора да биде сериозен, репрезентативен и продуктивен.

Муслиманското братство ееден од главните поддржувачи на демонстрациите.

Притисокот последниве 14 дена го натераа претседателот Мубарак на отстапки. Тој именува потпретседател, соопшти дека нема да бара реизбор годинава, и неговата партија виде отавки од нејзините главни лидери.

Но египетската опозиција не успеа да направи обединет фронт и е поделена за тоа како треба да се одвива транзицијата на власт.

XS
SM
MD
LG