Линкови за пристапност

САД - економски најконкурентна држава во светот


Истражување на водечка бизнис институција од Швајцарија што опфаќа 60 држави е објавено во нов извештај, во Женева.

Авторите на извештајот велат дека САД го држи врвното место за издржлива и отпорна економија, подобри цифри на вработување и доминација во технологијата и демократијата. Потоа доаѓаат помали економии како Швајцарија, Сингапур и Хонг Конг, сите просперирале од извоз, ефикасен бизнис и иновација.

Извештајот нашол дека Европа годинава подобро стои отколку минатата година благодарение на своето постепено економско опоравување, но најголем дел од големите пазари во подем се подолу во рангирањето. Таму стои дека таканаречените БРИК држави – Бразил, Русија, Индија и Кина – ја губат битката за конкурентност заради забавувањето на економскиот растеж и странските инвестиции така што инфраструктурата останува неадекватна.

Кина, што нашироко се очекува да ги надмине САД како светска економска супер сила, падната е за две места од минатата година и сега се рангира 23-та според индексот на конкурентност.

Директорот на ИМД Центарот за светска конкурентност, Артуро Брис, вели дека Кина не се позиционира добро заради недостигот на добар институционален развој. Бизнис регулативата,економските институции и финансиски пазари, бизнис принципите и вредностите, корупцијата ... се такви што економскиот растеж го прави неодржлив.

Брис вели дека Бразил има голем проблем. Тој вели дека минатогодишниот голем економски растеж се претворил во социјални немири бидејќи просперитетот на државата не бил почуствуван на ниво на обичниот граѓанин. Бразил годинава падна за три места на број 54 на листата.

Листата е базирана на четири фактори: економски учинок, владина способност, бизнис способност и инфраструктура. Извештајот вели дека нема врска меѓу демократијата и конкурентноста, иако добра влада има повеќе изгледи да биде во демократија.

Извештајот вели дека добро лидерство е поважен фактор. Забележува дека Сингапур и Обединетите Арапски Емирати – две авторитатни влади со силни лидери – фигурираат меѓу првите десет.

Забележливо е отсуството на земји во развој во истражувањето. Всушност единствената африканска држава што е вклучена е Јужна Африка, која е 52-ра по ранг. Причината што нема други според Брис е дека тие можат да работат само со земји кои можат да обезбедат дата на податоци со висок квалитет.

Русија се кренала четири места од минатата година и се рангира на 38-мо место. Украина е на стабилно 49-то место. Шефот на ИМД појаснува дека податоците се од времето пред немирите.
XS
SM
MD
LG