Во доцните 1950-ти години, Долорес Хуерта го сврте вниманието кон маргинализираните Латино-Американци.
„Ги видов мизерните услови во кои работат фармерите. Цезар Чавез рече дека мора да организираме Синдикат“.
Оваа активистка му се придружи на американскиот работнички лидер Цезар Чавез, за да ја организираат Националната асоцијација на фармери во Калифорнија.
„Имавме бенефиции, план за животно осигурување. Го отворивме првиот Фармерски кредитен синдикат во историјата на САД, каде луѓето можеа да земат заеми. Сакавме фармерите да соработуваат меѓусебе“.
Хуерта помогна да се промени и регистрацијата на гласачите во Калифорнија, што доведе до повеќе гласачи во целата држава.
„Еден од најважните закони што го донесовме, беше гласачите да се регистрираат од врата на врата, за разлика од претходно, кога мораше да се оди во суд, и тоа само од девет до пет часот, што работниците не успеваа да го направат, поради работните обврски“.
Хуерта вели дека филмот „Долорес“ го истакнува значењето на граѓанскиот активизам во САД.
„Многу од проблемите со кои САД денес се соочуваат, се поради тоа што, на пример, луѓето не знаат дека африканските робови ги изградија Белата куќа и Конгресот. Работничките синдикати издејствуваа осум часа работа на ден, слободни викенди, здравствено и социјално осигурување“...
За жал, многу Американци не го знаат овој дел од историјата, вели режисерот Питер Брат.
„Приказните како Долорес многу често се маргинализираат, но, нејзината приказна е исто толку американска, колку и за чипсот и за салсата, и треба да се чуе“.
Долорес Хуерта стои и зад овој познат слоган. Таа денес има 87 години, а во 2012-та година доби претседателски медал за слобода.
Facebook Forum