Најнов извештај може да ве изненади кои држави се развиваат, а кои заостануваат во дигиталната сфера.
Истражувачите од Флетчер школата за меѓународни односи на Универзитетот Тафтс од Масачусетс истражувале каде дигиталната ја заменува „физичката интеракција“ во комуникациите, општеството, политиката, трговијата, забавата и медиумите.
На пример, каде наместо користење на хартиени пари, се прават банкарски трансфери со помош на мобилни телефони.
„Идентификувавме многу места во светот каде овие промени се случуваат брзо, и други места каде промените се бавни.“ велат авторите на Индексот за дигитална еволуција (Digital Evolution Index) https://hbr.org/2017/07/60-countries-digital-competitiveness-indexed.
Државите се организирани во следниве категории: истакнати, во мирување, пред брз развој, и оние кои треба да се следат.
Највисоко рангирани се земјите во категоријата истакнати, кои се дигитално напредни и покажуваат значен развој во иновациите. Во оваа категорија се Сингапур, Нов Зеланд и Обединетите арапски емирати. Малезија се наоѓа на работ на категоријата истакнати.
Владите на овие земји ја поврзуваат јавноста и приватниот сектор во дигиталната сфера, вели Бхаскар Чакраворти еден од авторите на извештајот.
Иако дигитално напреднати, Норвешка, Шведска, Швајцарија, Финска и Данска најверојатно ќе заостанат, се наведува во извештајот.
Мексико, Индија, Мароко и Русија се пред брз развој. Иако не се дигитално напредни, тие брзо се развиваат и инфраструктурата станува се` помоќна. Индија има најголем пазарен потенцијал, со 462 милиони интернет корисници. Но, проблем се повеќето јазици во државата и инфраструктурите предизвици, иако владата се обидува да развие дигитален пазар.
Европската унија има 412 милиони интернет корисници, но пазарот е фрагментиран и сè уште во процес на формирање на „единствен дигитален пазар“. Во многу земји има блокирани веб сајтови и дигитални компании.
На светско ниво, дигиталниот пристап е далеку од унифициран. Речиси само околу 50 проценти од светската популација денес има пристап до Интернет.
Хартиените пари се средство кое ја уназадува дигиталната трговија, се вели во извештајот. Дигитални алтернативи не се користат во многу места во светот, и покрај можностите кои ги нуди интернетот.
Според извештајот, во 2013-та година, дури 85 проценти од светските трансакции биле во готово, дури и во еврозоната таа цифра е 75 проценти.
На дното на листата, во најниската категорија на држави кои треба да се следат се Египет, Пакистан и Перу, кои не се дигитално напреднати и немаат импулс за да успеат во тоа.
Каде се глобалните титани Германија и САД? Тие се во опасност да го изгубат брзиот развој. САД не инвестираат во „фундаментална технологија“ за „10, 20, 30 години нанапред“ вели Чакраворти.
Ако во САД не инвестираат во технологијата, глобалните граѓани, особено младите и меѓународните студенти ќе се свртат кон Азија.“ додава тој.
Facebook Forum