Најголем дел од истражувачите кои ги проучувале физичката активност и деменцијата се потпирале на известување на самите учесници. Лицата во студијата биле прашувани за тоа како вежбале претходната недела.
Но има проблем со тоа. Лора Мидлтон од Истражувачкиот институт Санибрук, од Универзитетот Ватерло во Канада, вели дека луѓето не се сеќавале каков тип активност имале и тенденцијата била де се известува повеќе за еден вид, а другите да се занемарат.
„Кога сами известуваат за активностите, џогирање, возење велосипед и играње тенис повеќе се паметат отколку активностите со помал интензитет, како одење или дневни активности, кои може да имаат важност за когнитивно ослабување“, вели таа.
За надминување на проблемот, Мидлтон ја мерела физичката активност со востановената техника што употребува двојно-етикетирана вода, направена од изотопски варијанти на водород и кислород. Учесниците во петгодишната студија пиеле мала количина од оваа специјална вода и со мерење на изотопските варијанти во нивната урина, можело да се мери потрошената енергија.
„Најдовме силна врска меѓу трошењето енергија со активност и ризикот инцидентна когнитивна ослабеност, со тоа што оние кои повеќе вежбале имале за 90 проценти поголемо намалување на когнитивното ослабување во текот на периодот на следење споредено со оние кои имале многу мала потрошувачка на енергија“, вели Мидлтон.
Лора Мидлтон и нејзините колеги ги опишуваат резултатите во он-лајн магазинот „Архива на интерната медицина“, што го објавува Американската медицинска асоцијација.
Во истото издание, друга студија направена од француски истражувачи, зборува за врската на вежбањето и деменцијата меѓу голема група жени со срцеви ризични фактори, како гојазност или дијабетис. Во оваа студија, жените кои имале еквивалент од брза, полчасовна прошетка секој ден, имале намален ризик од когнитивно ослабување.
Во коментарот објавен со истражувањето, доктор Ерик Ларсон од Институтот за групно здравствено истражување во Сиетл, Вашингтон, вели дека студијата додава на доказите дека физичката активност може да го намали ризикот од когнитивно ослабување.
„Не е очигледно за луѓето кои вежбаат дека го прават и мозокот поздрав. И како што секоја студија прави подетална анализа на специјални групи или различен начин на правење на мерењата, тоа ја прави научната база за оваа врска поубедлива“, вели Ларсон.
Ларсон пишува дека со акумулираните докази за врската, истражувачите треба сега да се фокусираат на тоа како најдобро да ги охрабрат луѓето да бидат активни, особено подоцна во животот.