Линкови за пристапност

Дебатите пред избори ќе им пресудат на кандидатите


Дебатите пред избори ќе им пресудат на кандидатите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:26 0:00

Или ќе ги уништат, или ќе ги лансираат до победа, вели Томас Бур, претседател на Националниот клуб на новинари во Вашингтон

Резултатот на изборите во Македонија ќе зависи и од задолжителните дебати во Јавниот сервис, предвидени со измените на Изборниот законик, вели Томас Бур, претседател на Националниот клуб на новинари во Вашингтон.

Според него, тие ќе покажат дали она што го зборуваат кандидатите со месеци, е точно или не.

„Се надевам во вашата ситуација, државата ќе може да види какви се кандидатите како луѓе и колку добро се запознаени со тоа што го зборуваат. Тие треба да одговорат на тешки прашања, за кои можеби не се подготвени“, вели тој.

Бур смета дека тоа што Законот предвидува задолжителна дебата, но, не и задолжително присуство на кандидатите, ќе го открие карактерот на политичарите.

„Луѓето и гласачите очекуваат кандидадтите да застанат пред нив и да одговорат на прашањата. И тие кои тоа не го прават не завршуваат добро, бидејќи гласачите ќе речат ако вие не можете да застанете на сцена и да одговорите неколку прашања, како ќе ја водите државата“, изјави Бур.

Тој вели дека дебатите се меч со две острици – или ќе го уништат кандидатот, или ќе го лансираат до победа.

„Во дебатите можете да направите грешки - фатални за кампањата. Добра страна е тоа што ако сте запознаени со проблематиката и одговарате брзо и со факти, луѓето тоа ќе го препознаат. Во една дебата можете да блеснете, но и да пропаднете“, убеден е тој.

Вели дека е многу важно и што гледачите сакаат да видат кај еден кандидат.

„Некои гласачи сакаат да знаат како им е врзана вратоврската или како им е зачешлана косата, дали стојат исправено или слично. За некои, пак, е важно дали тие навистина ги разбираат работите. Кандидатот треба да биде перфектен. Не смее да потфрли“, рече Бур.

За тоа каква треба да биде улогата на новинарите во дебатите, тој вели:

„Ние треба да ги разграничиме фактите од фикцијата. Не може да се дозволи некои политичари постојано да зборуваат спротивно на фактите. Новинарите тоа треба да го посочат. Тоа е критичка и витална улога што треба да ја имаат во демократија - да ги едуцираат гласачите и јавноста, дали тоа што кандидатот го зборува е точно или не. Ако имате само Влада, а немате слободни медиуми, завршувате во дикаторство, бидејќи го нема гласот на народот“.

А еве што очекува од дебатата во САД:

„Не очекувам резултатот да биде сите да пееме `Кумбаја` за среќни денови, што доаѓаат потоа“, рече Бур.

Главно затоа што самата држава е поделена и трката ќе биде многу тесна.

XS
SM
MD
LG