Линкови за пристапност

Одговорот ќе се знае во септември: Дали Охрид и регионот ќе го зачуваат статусот под УНЕСКО


Претставници на УНЕСКО, наскоро треба да дојдат до Охрид, да направат инспекција, да увидат што е подобрено, што е во процес, а што е загрозено
Претставници на УНЕСКО, наскоро треба да дојдат до Охрид, да направат инспекција, да увидат што е подобрено, што е во процес, а што е загрозено

Дваесет граѓански организации, кои се обединија, со цел да му се помогне на регионот, велат дека од 19 препораки кои УНЕСКО, им ги задал на државните и локални власти за решавање, делумно биле спроведени само четири

Дваесет граѓански организации, кои се обединија, со цел да му се помогне на регионот, велат дека од 19 препораки кои УНЕСКО, им ги задал на државните и локални власти за решавање, делумно биле спроведени само четири.

„Во Охрид царува бекатонот, како архитектонски елемент. Тој ниту е оригинален, ниту има место во Охрид. Главниот кеј, сите улици, сите сокаци низ стариот град се полни со бекатон. Од каде таа идеја таков материјал вие да вградувате, во нешто што треба да остане автентично. Ова е само еден прост мал пример, како не треба да се чува старото“, вели Зоран Тунтев-професор на факултетот за туризам.

Регионот околу Охридското езеро е пред нов сериозен предизвик
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:47 0:00

Регионот околу Охридското езеро е пред нов сериозен предизвик, дали ќе го зачува статусот под УНЕСКО, или не, откако во јули 2021 година, доби дополнителен период до февруари годинава, да ги исполни барањата и препораките, за да не се случи најнепосакуваното.

Дали оваа природна и културна убавина ќе се најде на листата на подрачја во опасност под заштита на УНЕСКО, ќе се знае на состанокот на УНЕСКО, кој ќе треба да се одржи во септември оваа година во Кина.

„Ние едноставно не ја заслужуваме оваа убавина. Едноставно не знаеме како да се грижиме за оваа убавина. Мислам дека немаме друг избор, дека со нашата неактивност ние самите го предизвикуваме таквиот резултат да не стават под опасност и неколку години да видат дали овој народ има капацитет да се грижи за сопственото“, вели Тунтев.

Дваесет граѓански организации, кои се обединија, со цел да му се помогне на регионот, велат дека од 19 препораки кои УНЕСКО, им ги задал на државните и локални власти за решавање, делумно биле спроведени само четири.

„Ние до септември месец, како држава и како општина немаме капацитет да промениме нешто многу. Ние можеме, односно општината и државата, може да ги стопира одредени процеси кои што се почнати, да се стопираат на ова ниво и да се чека одлуката на УНЕСКО, што понатаму“, прашува граѓанскиот активист Никола Киселинов.

Еден од тие е и урбанизацијата на археолошкиот комплекс Хермела Мауцкер, за кој вели Киселинов, реагираат подолго време.

„И УНЕСКО, за него има посебен предмет отворено. Бидејќи општината донесе во август месец на 15-та седница одлука за менаџирање и управување на Мауцкер. Ние како граѓански организации велиме, прво истражете го комплексот, таму каде што ќе утврдите дека нема културно наследство, слободно истражете го“, додава Киселинов.

Иако масовната урбанизација и справувањето со нелегалните градби се едни од главните проблеми, на кои со години посочуваат од УНЕСКО, тоа продолжува да се случува со засилено темпо, предупредуваат невладините.

„Не може тој процес да се запре, да бидеме реални. Овој процес е почнат пред 30 години. Но сега се толку насобрани овие проблеми, што оваа локална самоуправа и овој градоначалник, треба да се справуваат со сите тие проблеми. Урбанизацијата како главен проблем, некако ја ставаме во втор план“, укажува граѓанскиот активист.

Градоначалникот на Охрид, Пецаков пак го тврди спротивното.

„За мене најголема револуција и нешто што се почитува до ден денеска е ставањето ред по однос на урбанизирањето, градењето во самиот град“, вели Пецаков.

Но има и други проблеми, како што се бројните пловни објекти, многу од нив и стари, кои работат на нафта.

„Езерото е бомбардирано од брзи чамци, бучни. Тоа е енормно загадување. Секој југ ни носи тони и тони ѓубре. Зарем УНЕСКО треба да ни каже да ги забраниме моторите со внатрешно согорување“, прашува професорот Тунтев.

Градоначалникот Пецаков вели дека за една година не може сè да се направи.

„Факт е дека напредуваме, но факт е дека некои работи зависат и од финансиски средства. Ако сите овие работи кои ги имаме како препораки ги ставиме како една вкупна сума, доаѓа околу 12 милиони евра. Тие 12 милиони евра, општина Охрид не може сама да ги обезбеди. Ова не се проблеми од вчера. Ова се проблеми наталожени во Охрид 30 години без исклучок“, вели градоначалникот Пецаков.

Претставници на УНЕСКО, наскоро треба да дојдат до Охрид, да направат инспекција, да увидат што е подобрено, што е во процес, а што е загрозено и да предложат мерки. Инаку Охрид е само една од 39 точки на планетата, која е заштитено од УНЕСКО и како природно и како културно наследство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG